Рецензија: Жена од Сараево тврди дека знае што се случило со исчезнатиот малезиски авион

maleziski-avion-2-crop-resize

Шпекулациите со малезискиот авион траат од дента кога тој исчезна. Секојдневно се појавуваат нови и нови продолженија од приказните за некакви заговори, чудни случувања и настани од „трето око“. Приказната со малезискиот авион, како ретко досега, предизвика шпекулации во сите земји од светот, а зачудувачки е интересот во балканските земји.

Овојпат имаме за рецензија текст кој македонски медиум најверојатно го презел од некој босански, но не е наведено од кој. Една жена тврди дека авионот „е жив и здрав“. И тука почнува и во исто време завршува приказната. Информација која се објавила колку да има нешто за авионот и денеска, со мисла дека ќе предзвика читаност. Но, се гледа дека ваквите „закачки“ веќе не се интересни за читатлите.

maleziski avion 2Линк до оригиналниот напис: Жена од Сараево тврди дека знае што се случило со исчезнатиот малезиски авион

Датум и време на објавување: 07.04.2014, 11:46

Датум на рецензирање: 08.08.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАДЕ Е ВИСТИНАТА

Ни „В“  од вистинитост не може да се претпостави во текстот. Дури има и цитирани изјави од некоја жена, која наводно знае каде е исчезнатиот авион, но нема ниту нејзини иницијали, не пак цело име. Можело барем да се лоцира местото (населбата, околината) каде што живее мистериозната жена. Значи приказната е толку мистериозна, колку што е мистериозно и исчезнувањето на авионот.

Не се знае дали има воопшто извори. Се гледа дека текстот е преземен од некој медиум, најверојатно од Босна и Херцеговина (барем според информацијата дека жената без лик е од Сараево), но друг податок нема. Нема ниту колку е возрасна жената, дали се занимава со гатање, гледање и слично.

Текстот за „разбибрига“ може да помине. Така, со кафе да се испие, во недостаток на време за некој добар филм. Но, толку, од кога ќе го прочитате веднаш и го заборавате.

 

ПУСТА ЖЕЛБА ЗА СЕНЗАЦИЈА

Текстот е преземен, но не се направиле напори да се стави барем линк, или, пак, да се наведе од кој медиум е преземен. Насловот не кажува ништо. Ако сакал да предизвика сензација ова е лош наслов. Фотографија има само како за илустрација. Школски пример каква не треба да биде фотографијата во новинарство . Има една анегдота која вели: ако маж нападнал сосед со секира, младите и неискусни новинари ќе го илустрираат со секирата (со средството) што секако е погрешно. Така и овој текст е илустиран со „секира“.

Колку повеќе ги читате ваквите текстови, толку повеќе Ви се симпатични, во смисла дека две минути не мислите на сегашноста. Информирањето, пак, е сосема друга работа која во оваа „вест“ останува недостапна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција