Рецензија: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“

apokalipsa1-0987009980-09800-crop-resize

Овој текст кога ќе го прочитате насловот очекувате и навистина да дознаете зошто би дошол судниот ден. Но, го нема. Исто како и во другите вакви слични текстови, кои поради насловот треба да ѝ се продадат на публиката. Инаку, да, ако напишете дека се насобраа црни облаци и ќе врне и ќе грми, тоа би го прочитале евентуално земјоделците.

apokalipsa1Линк до оригиналниот напис: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“

Датум и време на објавување: 09.06.2014, 17:53

Датум на рецензирање: 10.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЗОШТО БИ СЕ ПИШУВАЛО ЗА ОБЛАК

Има облаци, нормално. Кога врне, пак, ги има уште повеќе. Тоа секогаш е така. Така е најверојатно и во Белград. Но, зошто би пишувале за облаци, нели. Освен ако не е апокалиптично. И е. Богами текстот е апокалиптичен.

Текстот нуди како извор фотографија, и, ако можеме да и веруваме на фотографијата (притоа да не се занимаваме со можни фотошопирања), навистина облаците се жолти. Ама, има едно „ама“ дека подоцна извесен господин од тамошните служби за оценување на времето кажува зошто е тоа така. И тој не прави никакви оградувања. Кратко и јасно кажува човекот. Ама, зошто тој, пак, би се нашол во насловот.

Нема содржина овој текст, ама, ете, еден облак се нашол да биде главна вест.

Инаку, пристрасноста во текстот се гледа во тоа што авторот сакал да добие што повеќе кликови. Се надевам дека немал некоја друга намера. На пример, да му поверуваме.

 

ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ ЕДЕН НАСЛОВ

Насловот и текстот се коментаторски. Иако на крајот дури има и изјава, официјална, ама се одлучило насловот да биде коментар.

Не се знае дали веста е преземена или е авторска, затоа што нема наведено, ниту, пак, има линк. Но, тоа не е ниту толку важно. Тука важното е што од неважна вест е направена апокалиптична.

Насловот, се чини, е и најголемиот проблем. Иако и во првиот пасус текстот го надградува насловот. Ете што може да направи само наслов.

Фотографијата е од описот кој што го нуди текстот. Нема автор, ниту е кажано од каде е, па не може да се потврди ниту нејзината веродостојност.

Добро, сме рекле дека вакви текстови имало и ќе има. Но, се надевам дека барем ќе имаат помалку публика во иднина. Затоа што колку повеќе „лајкови“ на ваква вест по социјалните мрежи, толку е поголема можноста утредента да се разбудите со уште една, поголема АПОКАЛИПСА.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција