Садула Дураки

 

Министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ предводена од Зоран Заев, избрана на 31 мај 2017 година

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

-Роден е во 1960 година, на 21 јануари во Липково Нема податоци за неговата семејна состојба. Средно училиште завршил во Приштина, Косово, исто како и Факултет. Тој е дипл. машински инженер, со диплома од Техничкиот факултет на Универзитетот во Приштина.

 

КАРИЕРА

-Професор во Средно економско училиште “Перо Наков“ Куманово, 1995 г.

-Професор во Средно техничко училиште “Киро Бурназ“ Куманово, 1995 г.

-Царинска Управа на Македонија, 2000 г.

-Заменик директор на Царинска Управа на РМ, 2002 г.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

-Во 2004 година е именуван за Министер во министерството за земјоделије, шумарство и водостапанство и таа функција ја извршува до 2006 г.

-Во 2006 година е пратеник во Собранието на РМ од пратеничката група на ДУИ

-Во 2008 година е именуван за директор на Агенција за Развој и инвестиции

-Станува градоначалник на Општина Липкови во 2009 година и реизбран е на таа позиција на изборите во 2013 година

-Од 31.05.2017 година е Министер за Животна средина и просторно планирање

ИЗВОРИ:

– Собрание на Република Македонија –Предлог за избор на Влада

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција