Сајбер шејк “Зошто да учам кога има вештачка интелигенција?” – Настан за млади во рамки на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Дали треба да се дозволи употреба на вештачката интелигенција на универзитетите и во училиштата? Колку се универзитетите подготвени да се борат против злоупотребата на генеративната ВИ? Дали употребата на вештачката интелигенција треба да се регулира со закон? Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на настанот „Сајбер Шејк“ – дискусија за млади на тема „Зошто да учам кога има вештачка интелигенција?“.

Настанот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“, ќе се одржи в понеделник, на 18 декември, со почеток во 18:00 часот во Тетово во просториите на Future Skills Next Center на Универзитетот на Југоисточна Европа. Сите заинтересирани за присуство може да се регистрираат на следниот линк.

На настанот ќе говорат:

– Јетон Шаќири, министер за образование и наука
– Адриан Бесими, професор на Универзитет на Југоисточна Европа
– Сабрије Тефики, координаторка, Форум за образовни промени
– Зана Речи, студентка нa Универзитет на Југоисточна Европа
– Њомза Бехадини, студентка на Универзитет во Тетово

„Сајбер шејк“ е дел од меѓународната конференција е-Општество.мк, чиј главен настан ќе се одржи следниот ден, на 19 декември, во хотелот „Мериот“ во Скопје.

Настанот „ Сајбер шејк“ го организира Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ со поддршка на Активноста на УСАИД за млади луѓе кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младинскиот образовен форум и CEED Hub Скопје.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција