Се реконструира регионалниот пат Јегуновце – Пршовце

На 15 март започна реконструкцијата на оваа сообраќајна делница во должина од пет километри Фото: opstinajegunovce.gov.mk

 

Проект : Современа сообраќајна мрежа.

Со помош од Владата, ќе ги изградиме во современи сообраќајници: Регионален пат од Пршовце до Јегуновце, во должина од 5 километри. Регионален пат од Јегуновце до Желино (Врска со А 2), во должина од 17 км. Регионален пат, од Лешок до Шемшово, во должина од 5 км. Изградба на локалниот пат Туденце-Сиричино. Локален пат од мотел Вратница до Беловиште. Планирано е и редовно одржувањето на улици и изградба на сите други локални патишта во општината. (Рок: до 2020 година)

[Предизборна програма за локалните избори 2017. на градоначалник на општина Јегуновце, Дарко Блажески „Живот во Јегуновце, живот за сите“, страна 17, датум: октомври 2017 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Oпштина Јегуновце, Дарко Блажески дека ќе се реконструира регионалниот пат Јегуновце – Пршовце (како дел од проектот „Современа сообраќајна мрежа“), даден во неговата изборна програма за локалните избори 2017. „Живот во Јегуновце за сите“, страна 17,  е во тек на реализација.

Тоа се потврдува и со објавените информации на интернет страницата на Oпштина Јегуновце од 15 и 18 март годинава (2018), а во кои се информира дека е почната реконструкција на овој  патен правац.

На 15 март се соопштува дека работите околу реконструкцијата на регионалниот пат Јегуновце-Пршовце се започнати.

Со овој зафат ќе се изврши целосна рехабилитација во должина од 4.900 метри, комплетна реконструкција помеѓу двете пруги од 160 метри и гребење на стариот асфалт од 5 цм со што значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел. Изведувач е фирмата ЕСКАВАТОРИ, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Влада на Р.М во соработка со Општина Јегуновце, стои во информацијата.

Три дена подоцна на веб – страницата на Општината е објавена и информација дека градоначалникот Блажевски веќе извршил увид на работите на патот.

Реконструкцијата на регионалниот пат Јегуновце – Пршовце е планирана и во „Годишна програма за изградба и реконструкција на државни патишта за 2018 година“ на Министерството за транспорт и врски, но е и спомената и во одделот „Инфраструктура“ во Програмата за работа на Владата за периодот 2017-2020 година, на страна 44.

Од презентираните информации на веб – страницата на Општина Јегуновце и од увидот во Годишната програма за изградба и реконструкција на државни патишта за 2018 година на Министерството за транспорт и врски, како и од проверката на патот направена деновиве, може да се каже дека реконструкцијата на регионалниот пат Јегуновце – Пршовце е во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада  Исовска – Маневска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција