Сè уште се конспирира за Агенда 21, иако е јавно достапен документ од 1992 г.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Фулфект, Агенда 21 не е глобален план за депопулација на човештвото (такво нешто се тврди и во објавата која ја рецензираме). Агенда 21 е документ под капата на ООН на 351 страница, во кој се прецизирани цели за одржлив развој.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Фулфект, Агенда 21 не е глобален план за депопулација на човештвото (такво нешто се тврди и во објавата која ја рецензираме). Агенда 21 е документ под капата на ООН на 351 страница во кој се прецизирани цели за одржлив развој
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:
Агенда 21 – како дојде до тоа??? Сенди Адамс зборува на состанокот на Светскиот совет за здравство за потеклото на Агендата 21 и кога е создаден овој лажен наратив на климатски аларми. Станува збор за настан кој се случил во 1992 година и се нарекува Самит на Земјата (World summit), каде се собрала целата таканаречена глобалистичка елита (подобар опис би бил глобалистичко ѓубре) и претставници на 179 земји. Сите големи лица беа таму – неизбежниот еко-одржлив принц Чарлс, големиот филантроп и застапник за човекови права Џорџ Сорос, климатското божество Ал Гор, тогашниот генерален секретар на Обединетите нации (колку шупливо звучи тоа сега) Морис Стронг, од начинот на кој нафтен милијардер работеше за Рокфелерите. Покрај тоа што таму се покажуваше, јадеше добра храна и пиеше добри пијалоци, „елитата“ сфати како ефикасно да го спроведе планот за депопулација напишан и опишан во документот „Границите на растот“ составен од Римскиот клуб во 1972 година. Тоа јасно кажува дека човекот е опасен за планетата Земја и дека населението треба да се „цивилизира“ на една до две милијарди. Дваесет години подоцна, глобалистичките психопати решија да почнат да го спроведуваат, а познатата Агенда 21 беше создадена како документ за спроведување на тој план.Агенда 21 го прогласува човекот за виновен за таканареченото глобално затоплување и оттогаш овој лажен наратив се шири во јавноста. Всушност, сè оди во една насока – целосна контрола и надзор на светската популација, со секако неизбежна контрола на размножувањето. Бил Гејтс и неговата прекрасна поранешна сопруга не пропуштаат во секоја прилика да спомнат колку е исклучително важно жените ширум светот да имаат пристап до контрацепција и абортус. Агендата 21 доби свој наследник во Агендата 2030, која отворено ги уништува нашите животи во последните три години, од воведувањето на „новата нормална“ или новиот светски поредок.
Манипулации околу Агенда 2021
Климатските промени во Агенда 21 се споменуваат 3 пати, но не во контекст на глобалното затоплување.
Најнапред се споменуваат во точката 17.97 каде се наведува дека има многу несигурности за климатските промени и растот на нивото на морињата, каде притоа се наведува дека и мало зголемување во нивото на водите имаат потенцијал за големи штети на малите острови. Се препорачува стратегиите за одговор да се темелат на докази и статистики. Не се споменува никаков план за депопулација, како што невистинито се сугерира во објавата која ја рецензираме.
Агенда 30 е исто така документ на ООН
Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Впрочем, теоријата на заговор дека мала група на луѓе имаат план да ја намалат популацијата на планетата повеќе пати била предмет на нашите рецензии.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар