Што покажуваат „бомбите“: Вработените во МВР на мета на министерката

Кој ќе заврши во тефтерчето, кој на испомош на граничната полиција. Фото: МВР

 

 

Речиси нема полициски службеник што не е дициплински казнуван, шест месеци парична казна по 15 проценти, три месеци, итн. Повеќето од нив се дел од „суфицитот“ на Јанкулоска, затоа што тужат, па потоа се репресирани…инаку, од оваа некогашна  елитна единица за економски криминал сите се понижени на тој начин што се праќани да бидат испомош на ЈП Македонски шуми, со цел бркање на дрвокрадци – вели нашиот соговорник Јасминка Ангелова

 

Пишува: Владо Ѓорчев

 

По „бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку кои беа презентирани прислушувани материјали, опозициската партија поднесе повеќе кривични пријави против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу тие пријави три се однесуваат и за изборни измами на функционери во Министерството за внатрешни работи, а кои навлегуваат и во сферата на работните односи, односно злоупотреба на овластувањата.

Во кривичната пријава од 03.03.205 година поднесена против Гордана Јанкулоска, поранешен министер за внатрешни работи и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, се вели дека отпуштиле од работа НН лица, на тој начин што незаконски им го одземале правото на работа, гарантирано со Устав и Законот за работни односи. Тие се товарат по член 137 став 2, како и член 22 и член 25 од Кривичниот законик на Република Македонија.

  • Документ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА, Подносител Социјалдемократски сојуз на Македонија, ул. Бихачка бр. 8, Скопје, против: 1. Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи во Владата на Р. Македонија, 2. Мартин Протуѓер – Шеф на Кабинетот на Претседателот на Владата на Р.Македонија (две страници – кликнете на страниците за преглед)

KP 4 strana 001KP 4 strana 002

 

 

 

 

 

 

 

 

Во втората кривична пријава поднесена на 20.03.2016 година против Гордана Јанкулоска, таа се товари дека на денот на локалните избори во 2013 година наредила НН лица да бидат распоредени на работни задачи надвор од местот на живеење, со цел да не го извршат своето избирачко право. Со тоа, стои во кривичната пријава, таа сторила кривично дело „повреда на слободата на определувањето на избирачите“ по член 16, став 1 од Кривичниот законик.

  • Документ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА, Подносител Социјалдемократски сојуз на Македонија, ул. Бихачка бр. 8, Скопје, против: 1. Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи во Владата на Р. Македонија, (две страници – кликнете на страниците за преглед)

KP 10 strana 001KP 10 strana 002

 

 

 

 

 

 

 

 

Третата кривична пријава е против Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, поднесена исто така на 20.03.2015 година, а се товарат дека сакале да избркаат лице вработено до МВР и намерно се обиделе да предизвикаат пожар во неговиот дом, со цел да ги исплашат неговата сопруга и нивните деца.

  • Документ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА, Подносител Социјалдемократски сојуз на Македонија, ул. Бихачка бр. 8, Скопје, против: 1. Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи во Владата на Р. Македонија, 2. Кирил Божиновски – Генерален секретар во Владата на Р.Македонија (две страници – кликнете на страниците за преглед)

KP 11 strana 001KP 11 strana 002

 

 

 

 

 

 

 

 

Тие се пријавени за „злоупотребана службената положба и овластување“ од член 353, точка 2 и став 1 и со по едно кривично дело „предизвикување на општа опосност“ од член 288, став 1, член 22 и член 19 од Кривичниот законик. За овие кривични дела е предвидена казната затвор од најмалку три години.

 

ШТО СЕ СЛУШАШЕ ВО БОМБИТЕ

Како потврда на првата кривична пријава е приложена т.н. „бомба“ број 3 од 20.02. 2015 година во која, како што тврди опозицијата, зборуваат Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер. Еве што зборуваат:

ГЈ: Тоа е супер, ама треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.

МП: Како да ги сотреме?

ГЈ: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве, кај мене на пример, тие што му биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.

МП: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа, највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче, тие ги бркаме му кажав на овој, од денеска, на клоци.

ГЈ: Да, да, епа види, овие што се џандарите од кај мене на пример, му биле на листи на Љубе.

МП: Значи тие луѓе најмногу што не плукале. Другите, оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало…

ГЈ: Да, де, наше членство, што би рекол Б.Ц, гревови го излажале. Ама Томче, не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам…

МП: Тоа јас ќе го завршам.

ГЈ: Тие што му се, не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани, треба вака да им се отчита лекција. И плус, на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е сега, ја не ги знам кои се, ама претпоставувам дека. Треба една јака анализа, до формирње на нова Влада да ги исчистиме.

 

Кривичните пријави се поднесени и од прислушуваните разговори во т.н. бомба 8 од 10.03.2015 година. Еве дел од тие разговори:

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски:

ГЈ: Абе, овој будалава да ти кажам, Ивица Тошевски.

КБ: Е?

ГЈ: Знаеш шо зборел?

КБ: А.

ГЈ: Пошто нели го решивме него, го преместивме и кажал, абе јас многу се изнамачив, ама некако договорив ова, она, да ме префрлат, ептен овдека сум фаца. А, што е фаца, овдека беше началник, сега е џандар обичен. Вика, со врски ме префрлија овдека, ама добро, ја држам позиции. Сега кога ќе го зачукам негде дополнително.

КБ: Види, тој треба да, размислува за него сабајле, една порака да се упати, пошто ако вака оставиме, човекот нé победи нас, практично.

ГЈ: Да бе, да. Абе види, он е поранешен претседател на Општински, значи каков, таков, има некоја структура.

КБ: И на Општински е, плус џандар, тоа си има влијание у тие краеви.

ГЈ: Да де, да, независно каков е.

КБ: И мислам дека треба да летне и он. Жена му, сега почнав да барам кај работи, треба да ги оставиме без ништо.

ГЈ: Знаеш, он е глуп човек. Значи, сега ќе го пуштиме инспектор.

КБ: И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така. Тие три работи, мора да се направи тоа.

 

Разговор меѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска:

ГЈ: Ало?

ЗС: Горде?

ГЈ: Кажи.

ЗС: Ти пуштив еден смс сега, со три имиња, на вработени во МВР кои што, од сите вработени што ги имаме од Ѓорче Петров, сите се одѕваа на барањето по пет души да предложат за список. Овие едниве дадоа тројца, едниов ич не даде никого.

ГЈ: Добро.

ЗС: Би те замолил да задолжиш некого да им се јави и да им каже дека тие се вработени у МВР преку ВМРО-ДПМНЕ.

ГЈ: А има контакт од некој? Од нив имате контакт?

ЗС: Па сега немам ама може да најдам, име и презиме имам тоа да ти пуштам.

 

И уште еден разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска:

ЗС: Што е работава Горде…од СДСМ се полицајците. Па, не требало бе Горде да бидат од СДСМ. Требало да обезбедиш да не се од СДСМ денеска. Пушти ги од СДСМ у Гази Баба.

ГЈ: Не можам да ги пуштам, СДСМ мора да се на работа за да не може да гласаат.

ЗС: Ок, важи, нема проблем, тоа е. Шо да праам.

 

ЗА ДА НЕ ГЛАСАМЕ НА ИЗБОРИ НЕ ПРАЌАА НА ТЕРЕН СО ДЕНОВИ

За барем приближно да ја доловиме сликата, „Вистиномер“, разговараше со полицаец од Куманово, кој по низата деградирања во службата од 2014 година бил приморан да си даде отказ. Името е познато на редакцијата, но по негово барање го задржуваме во анонимност. Во разговорот со него зошто го напушти МВР тој вели:

Не можев повеќе да ја издржам тортурата која ми се случуваше цели седум години, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и почна да раководи со ова министерство – вели нашиот соговорник.

Според него, од 2006 година до 1 март 2007 година, дури 80 полицајци од Полициската станица во Куманово, биле прераспределени на работни места во Полициската станица во Матејче.

Селаните на шега ни велеа дека сме дошле да го окупираме селото. Тие велеа дека сега сме повеќе отколку за време на настаните во 2001 година. Во Полициската станица во Матејче буквално не можевме сите да застанеме, а не, пак, да седнеме – вели соговорникот.

На прашањето на „Вистиномер“, дали биле деградирани поради тоа што се членови на некоја опозициска партија, соговорникот вели:

Не сме биле членови на ниту една партија. Тие самите процениле дека не сме за нив, па аналогно на нивната мисла, моравме да бидеме прераспределени и  деградирани. Јас од раководител во смена, бев деградиран во полицаец и ме распределуваа на разни служби од Блаце, Матејче, Горно Нагоричане… Само за илустрација, додека ние работевме во Полициската станица во Куманово, имаше 53 отсто разрешени кривични дела од пријавени 1.600. Веднаш потоа во 2008 година тој процент се намали на 6 отсто разрешени кривични дела, а нивниот број порасна на 2.500 – не информира бившиот полицаец.

Тој раскажува дека честопати биле носени на работни задачи во тешки предели и иако им било навестувано дека таму ќе се задржат само ден-два, најчесто без храна и облека останувале и по десеттина дена.

За време на избори најчесто, нас кои не сметаа за „непријателски“ елементи, не носеа во Липково, во Сопот, и слично. Таму останувавме со денови, а при една таква работа, началникот ни рече дека тука ќе останеме додека не му се јават да не пушти да си одиме дома. При една задача во Танушевци со храна и облека за два дена, не оставија 11 дена. Потоа мораа да не извлечат со хелихоптери од таму. За сето ова поднесувавме и жалби, а и тужби до судот. Интересно беше што од кога ќе го добиеме процесот, за само три дена не известуваа дека е закажано ново рочиште и дека старото се поништува, а потоа ги губевме процесите – вели нашиот соговорник.

Поради сета оваа тортура тој во 2014 година решил да ја напушти полицијата и сега се занимава со сосема друга работа.

„Вистиномер“ разговараше и со Јасминка Ангелова, сопруга на генералот Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“, која ни потврдува за праксата на злоупотреби и малтретирања на работа. И таа поради притисоците кои ги трпела од власта како вработена во МВР, од неодамна ја напушти својата работа.

Како полициски службеник, самостоен инспектор за сузбивање на финансиски криминал, со 17 години вкупен работен стаж, од кои 13 години, ефективно работев во МВР (со завршен Правен факултет), дадов отказ во МВР бидејќи не дозволив да се гази по моето лично и професионално достоинство. Не дозволив новокомпониран началник професионално да ме понижува и да ми се заканува со апсење и отказ. Како мајка на три малолетни деца и како сопруга на генералот Ангелов, одбив да „ловам“ дрвокрадци по планинските села Танушевци, Брест, Студеничани, Количани, Љуботен – вели Ангелова.

Капката која ја прелила чашата била наредбата на новогодишната ноќ да работи на градскиот плоштад како обезбедување.

Што можам јас или било која друга жена да направи во случај на нарушување на јавниот ред и мир? Зарем нема доволно мажи во МВР, па мораше баш јас да обезбедувам во новогодишната ноќ? – вели таа.

Повеќето малтретирани колеги, вели Ангелова, имаат финансиски пречки да се борат против неправдите. Имаат огромни банкарски кредити. Зависат од платата.

Речиси нема полициски службеник што не е дициплински казнуван (шест месеци парична казна по 15 проценти, три месеци, итн). Повеќето од нив се дел од „суфицитот“ на Јанкулоска , затоа што тужат, па потоа се репресирани…од оваа некогашна  елитна единица за економски криминал сите се понижени на тој начин што се праќани да бидат испомош на ЈП „Македонски шуми“, со цел бркање на дрвокрадци. До каде одеа во нивните „забеганости“… Во „бомбите“ се изнаслушавме за „еден тон“ кривични дела кои се гонат по службена должност. Затоа јавно ги повикував  да се сетат на заканите од началникот  – кој сигурно не работи со своја глава – дека инспекторите ќе добиеле кривични пријави за „несовесно вршење на службата“ – раскажува Ангелова.

 

ЛИНКОВИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција