Што посакуваше Мартин Протуѓер за Зоран Божиновски кога ќе заврши во притвор?

Божиновски во притвор, заканите на Протуѓер би требало да останат само во телефонскиот разговор. Фото: Фејсбук профил на Зоран Божиновски

Македонскиот новинар Зоран Божиновски, кој е екстрадиран во Македонија и ќе биде во притвор, според тоа што се слушна во „бомбите“ зад затворските решетки би можел да биде изложен и на тортура.

Имено, во рамките на 32-от сет прислушувани разговори што ги обелодени СДСМ, во еден разговор на Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, слушаме како Протуѓер се интересира дали кога Божиновски ќе заглави во затвор, би можел да го посети, ама да биде исклучена камерата во просторијата за посети.

МП: А бе види, сега го читам оној Зоран Божиновски. Може ли кога ќе дојде вака, иако не го познавам, треба ли негова согласност за посета?
ГЈ: За ако не си му роднина. Ха, ха.
МП: Не сум роднина.
ГЈ: Што се надевам дека не си му.
МП: Не сум му роднина, ама сакам да го посетам таму. И во тој период малку да е исклучена камерата.
ГЈ: Што ти направил сега?
МП: Не, мене ништо. Ама еве нервоза ме фаќа какви глупости пишува, лелеее.
ГЈ: А бе тој која будала е, ненормален е. Јас…
МП: Глупости, измишљотини, ја не знам вака…
ГЈ: А бе ја мислам дека е болен човекот.
МП: Е па баш дека е болен треба да…
ГЈ: Мислам знаеш умоболен, онака, сериозно.

Протуѓер има јасни барања и каков цимер треба да добие Божиновски во притворот.

Не и обавезно, обавезно да е у келија со неко циганче што има хомосексуални склоности. Обавезно, мислам тоа да не збориме.

Слични намери, инаку, од Сашо Мијалков, но за Љубе Бошкоски, можеше да се слушнат од „бомбите“, односно од разговорот со Драган Павловиќ – Латас.  Мијалков јасно зборува за понижувањето и малтретирањето на Бошкоски при апсењето, но дека ништо подобро нема да го чека ниту во затворот:

СМ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе.
ДПЛ: Леле, леле, леле.
СМ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа.
ДПЛ: Леле, леле, леле
СМ: Му ебав мајката, што да ти речам сега.
ДПЛ: Нека јаде гомна сега.
СМ: …..А?
ДПЛ: Сеа со Велија заедно ќе се дружат.
СМ:Со Велија ќе слават победа сега.
ДПЛ: Да, да, да.
СМ: Осум години ќе му биде ова да знаеш.
ДПЛ: Види 30 дена ќе помине со Велија, а после ќе видиме.
СМ: Какви бе триесет дена, не искача тој до издржување на казна, какви триесет дена што ти е на тебе.
ДПЛ: Не, не зборот ми е со Велија ќе бидат минимум триесет дена заедно.
СМ: Не знам ја ќе му пуштам некој вака по, понадарен да го е.. унутра. Велија не може да го е.. добро. А?

Овие закани, но и други што можеше да се слушнат, се јасен сигнал за намери за тортура, која е апсолутно забранета. Имено, терминот „тортура“, според Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други облици на сурово, нечовечно и понижувачко постапување или казнување (УНКАТ), значи секој акт со кој се предизвикува намерна болка или страдање, физичка или ментална, кон некое лице со цел да се добијат од него или од трето лице информации или признанија.

Оваа конвенција, која е потпишана и од Македонија и од Србија, исто така истакнува дека лица за кои има опасност дека ќе бидат подложени на тортура, не смеe да бидат екстрадирани. Со тоа се поставува и прашањето дали со екстрадицијата не се прекршува УНКАТ. Еве го членот 3 од Конвенцијата, кој говори токму за оваа проблематика.

Член 3.

  1. Ниту една држава – потписник не смее да избрка, врати или да екстрадира лице во друга држава, за каде има сериозни основи да се верува дека ќе се најде во опасност да биде подложено на тортура.

  2. Заради утврдување дали постојат такви основи, надлежните власти ќе ги земат предвид сите релевантни претпоставки, вклучувајќи, доколку е апликативно, постоење на конзистентна линија на обемни, флагрантни или масовни прекршувања на човековите права.

Со оглед на фактот дека власта во Македонија е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, чии високи раководители се и Мијалков и Протуѓер, институциите во овој миг мора да ги вложат сите напори за заканите да не станат реалност и да не дојде до прекршување на УНКАТ.

На екстрадицијата реагираше и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција