Со појавата на варијантата „Омикрон“ тешко е да се каже дали се работи за Ковид-19, сезонски грип или настинка

Фото: pixabay.com

Ако со другите варијанти на Ковид-19 можеше да се направи разлика помеѓу корона вирусот и сезонскиот грип, сега поради сличните симптоми е речиси невозможно за пациентите да разликуваат дали се заразени со варијантата „Омикрон“ или со сезонски грип. Доктор Марио Јованоски за Порталб.мк изјави дека без разлика за која од инфекциите станува збор, првото нешто што треба да го направат пациентите е да се изолираат, а потоа да се тестираат. Тој додаде дека новиот бран на корона вирусот заедно со оној на сезонскиот грип ќе ја влоши состојбата во болниците во земјава, па апелираше да се почитуваат мерките, пишува  Порталб.мк.

Ако со другите варијанти на Ковид-19 можеше да се направи разлика помеѓу корона вирусот и сезонскиот грип, сега поради сличните симптоми е речиси невозможно за пациентите да разликуваат дали се заразени со варијантата „Омикрон“ или со сезонски грип. Доктор Марио Јованоски за Порталб.мк изјави дека без разлика за која од инфекциите станува збор, првото нешто што треба да го направат пациентите е да се изолираат, а потоа да се тестираат. Тој додаде дека новиот бран на корона вирусот заедно со оној на сезонскиот грип ќе ја влоши состојбата во болниците во земјава, па апелираше да се почитуваат мерките, пишува  Порталб.мк.

 

На 24 декември годинава во Северна Македонија беше потврдено присуството на варијантата „Омикрон“ на вирусот Сарс КоВ 2, која што претходно беше потврдена во некои од соседните земји.

Во нашата земја оваа варијанта е најпрво беше потврдена во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, а пациентот кој бил позитивен во земјава дошол од Обединетото Кралство и се работи за повторна инфекција, бидејќи болеста ја прележал и во јануари 2021 година.

По почетокот на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен на Ковид-19 резултирал пред 2 дена, по што се потврди дека се работи за варијантата Омикрон.

Пациентот моментално има лесна клиничка слика и се лекува во домашни услови.

Како да разликуваме дали се работи за сезонски грип или варијантата „Омикрон“?

Според доктор Марио Јованоски, многу е тешко да се утврди дали се работи за сезонски грип или за оваа варијанта на корона вирусот. Тој додаде дека, иако оваа варијанта е можеби полесна од другите, таа има многу поголем потенцијал на ширење кај населението.

„За жал, симптомите на варијантата Делта, Омикрон и на сезонскиот грип се многу слични главоболка, течење на носот, замор, суво грло, кашлица, треска, па затоа е тешко да се одреди за која од нив всушност се работи. Кога на тоа ќе ги додадеме и причините за респираторните инфекции, тогаш е потребна една дополнителна анализа за да се утврди точната етиологија. Она што е сигурно, е дека варијантата „Омикрон“ има многу поголем потенцијал на ширење кај популацијата, а клиничката слика на оваа варијанта се чини дека е полесна од онаа на Делта варијантата“, вели доктор Јованоски.

Според докторот, првото нешто што треба да се направи по појавата на некој од горенаведените симптоми е изолацијата, и со тоа би се спречило понатамошно ширење на овој вирус кој може да биде фатален за одредена група на луѓе.

„Во секој случај, изолацијата е првата работа и најважната мерка за овие пациенти за да се запре понатамошното ширење на вирусот. Во пандемијата, тестирањето е апсолутна индикација. Носењето на заштитна маска, исто така, е докажано како една од најважните форми на заштита и од Сарс КоВ 2 и од сезонски грип. Важен доказ за тоа беше масовното носење на маски во Кина поради големото загадување на воздухот, што резултираше со драстично намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Имунизацијата на ранливите групи против грипот дополнително ја намалува инциденцата кај населението“, додаде Јованоски.

Освен тоа, Јованоски додаде дека „новиот бран на пациенти со Ковид-19, во комбинација со заболените од сезонски грип, несомнено ќе предизвика дијагностички и терапевтски дилеми, како и ќе доведе до зголемување на оптоварувањето на здравствениот систем во РСМ. Верувам дека носењето на заштитни маски, вакцинацијата и почитувањето на мерките ќе ни помогне да имаме стабилна зима“.

Фото: Порталб.мк/Арбнора Мемети

Што покажаа податоците од студиите во Јужна Африка, Данска и Обединетото Кралство?

 

  • Заштитата што ја овозможуваат вакцините во однос на таа стекната преку природна инфекција (симптоматска и асимптоматска) предизвикана од Омикрон е 55% (Данска)
  • Трите земји со најголем број на случаи со Омикрон (Јужна Африка, Данска, Обединетото Кралство), продолжуваат да имаат ниски стапки на смртност и покрај големиот број на случаи со Омикрон
  • Според теренските студии (Јужна Африка, Обединетото Кралство, Данска) ризикот од хоспитализација од Омикрон е:
  • 80% помал споредено со другите варијанти, додека пак 70% помал споредено со варијантата Делта (Јужна Африка)
  • 68% помал споредено со варијантата Делта (Шкотска)
  • 3 пати помал споредено со другите варијанти (Данска, но сè уште не е јасно дали тоа се случува поради возраста на заразените)
  • 40-45% помал од Делта (Англија)
  • Кoга се работи за ефикасноста на вакцините против инфекцијата со Омикрон, нивото на заштита е 55%, додека пак за Делта е 86%.
  • За жал, заштитата што ја нудат вакцините брзо опаѓа, во рок од 1-2 месеци, а бустер дозата го враќа нивото на заштита од инфекција на почетните вредности (55%)

 

Овие податоци се преземени од овааоваа и оваа студија.

 

Омикрон со полесна клиничка слика, но поинфективен од Делта

Првичните податоци на последните две студии во Велика Британија покажуваат дека  инфекцијата со варијантата Омикрон има полесна клиничка слика од таа на варијантата Делта.  Но, резултатите покажуваат и дека Омикрон е многу поинфективна варијанта во споредба Делта.

Раководителот на студијата за варијантата Омикрон во Велика Британија, предупредува дека иако наодите покажуваат дека инфекцијата со новата варијанта не предизвикува тешка форма на болеста, здравствениот систем сепак може да се соочи со преоптоварување.

Истражувачите од Колеџот Империјал во Лондон велат дека кај заразените со Омикрон можноста од хоспитализација е 20 проценти помала од таа кај заразените со варијантата Делта.

Овие наоди се добиени по анализа на сите случаи потврдени со тестовите спроведени во Англија во првата половина на декември, период кога со Омикрон беа идентификувани 56 илјади случаи и со Делта 269 илјади.

Раководителот на програмата Пол Елиот рече дека резултатите од студијата се охрабрувачки. Сепак, вознемирувачки се податоците кои покажуваат дека Омикрон е многу поинфективен.

„Се соочуваме со еден брз раст на новите случаи. На национално ниво тие можат да достигнат и до 100 илјади. Поголем број на случаи значи поголема оптовареност , затоа што дури и мал дел од нив да развијат некоја тешка форма на болеста или да се хоспитализираат, кога има голем број на заразени се создава преоптоварување на здравствениот систем“, вели Пол Елиот.

Друга студија од Шкотска, на научници од Универзитетот во Единбург и други експерти, покажала дека ризикот од хоспитализација по инфекцијата со Омикрон е за две третини помал од оној со варијантата Делта.

Но, студијата покажала дека во Шкотска скоро 24.000 случаи со Омикрон биле претежно млади луѓе на возраст од 20 до 39 години и дека можноста младите да развијат тешка форма на болеста Ковид-19 е помала.

Експертите нагласуваат дека вакцинацијата и почитувањето на мерките се најсилното оружје против Ковид-19.

„Гледаме дека има зголемување на бројот на вакцинирани со првата доза. Мислам дека многу луѓе кои веруваа во колективен имунитет или кои само чекаа и се надеваа, сфатија дека Ковид-19 ќе биде присутен меѓу нас уште долго време“, вели доктор Закир Бухари.

Сепак, треба да се напомене дека наодите добиени од овие две студии сè уште не се анализирани и од други експерти.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција