Со воскреснат наслов од „Информер“, стар три години, се сее омраза на Фејсбук

Фото: Принтскрин - Насловната страница на „Информер“ од 2017 год.

Се вади бајат текст со прилично провокативен наслов, се крие датумот на оригиналот и се пласира потпалувачка објава. И, секако, невистинита. Како што е многу добро познато, во овие 3 години, откако е објавена оваа насловна страница на „Информер“, Заев никој не го убил и нема никаква војна против Србија

 

Фотографија на стара насловна страница на српски „Информер“- од пред три години, е пласирана на  социјалната мрежа „Фејсбук“ како да се работи за актуелна информација. Во постот  објавен на 23 август воопшто не се гледа дека, всушност, станува збор за текст најавен на насловната страница на овој таблоид  истиот ден – 23 август, ама 2017 година.

Фактички, тука свесно се прави манипулација – се вади бајат текст со прилично провокативен наслов, се крие датумот на оригиналот и се пласира потпалувачка објава. И, секако, невистинита. Како што е многу добро познато, во овие 3 години, откако е објавена оваа насловна страница на „Информер“, Заев никој не го убил и нема никаква војна против Србија.

Јасно е дека ова се прави намерно за да предизвикаат жестоки реакции кај корисниците на социјалната мрежа, да се сее страв и да се шири говор на омраза. Тоа се гледа и од коментарите на прикажаната фотографија , од кои буквално извира нетрпеливост и омраза кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.  

Особено загижувачки е што во коментарите има повици за убиство:

Ke se spasime ako te ubijat

Uše odma treba, neznam šo čekat

Daj Boze neka go ubijat pobrgu!

AMIN BE AJDE SHTO SE CHEKA BE???

Jas sum odma date ubijat

Jas neznam sto cekaa do sega

NEKA TE UBIJAT DA DADE GOSPOD

Дај боже ДАЈ!!! нека не спасат од изродив!

Фото: Принтскин од фотографијата и дел од коментарите на Фејсбук

А, исто така, меѓу коментарите има и такви кои шират нетрпеливост кон Албанците:

So vakov narod siptarite eden den ce gi kolat site Makedonski hristini

Освен што предизвика „отровни“  коментари со  повици на насилство, оваа манипулативна објава има и многу споделувања – во моментот кога е пишуван текстот е споделена 109 пати.

Што се однеува, пак, до самиот текст: „САМО ВО ИНФОРМЕР! Зошто Скопје удира на Белград! ЗАЕВ: ШИПТАРИТЕ ЌЕ МЕ УБИЈАТ АКО НЕ ЗАВОЈУВАМ СО СРБИЈА!“ (SAMO U INFORMERU! Zašto Skoplje udara na Beograd! ZAEV: ŠIPTARI ĆE ME UBITI AKO NE ZARATIM SA SRBIJOM!), главниот уредик  на неделникот НИН, Милан Чулибрк уште тогаш го посочи како пример за медиумска кампања против Македонија.

Впрочем, не е првпат „Информер“ да излегува со вакви тенденциозни и потпалувачки наслови кои  поттикнуваат омраза. Напротив, тоа е вообичаена практика со написите пласирани на овој медиум (види: тука, тука, тука ,тука)

Во конкретниот случај е извлечен еден наслов од  „богатиот репертоар“ и злоупотребен за да шири омраза на Фејсбук и тоа не само кај нас туку и во соседството.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција