Социјална пресуда за битолскиот „стар беќар“

Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски Нова Македонија-crop-resize

[Рецензија на текстот: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски]

Продолжената најава на некој настан, како во овој случај, и покрај тоа што дава солиден преглед на еден трагичен случај, статусот на семејната состојба на починатиот пежоративно е дисквалификувана на социјален план со квалификациите ставени на ударно место – во насловот и поднасловот,

Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски Нова МакедонијаЛинк до оригиналниот напис: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски

Датум и време на објавување: 13.07.2014

Датум на рецензирање: 14.07.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Текстот е преглед на судскиот случај или сторија со фактите од случајот во кој е обвинет медицински техничар за „убиство од небрежност“.

Извори на информациите се судките рочишта и записници.

Најавата има сеопфатен бекграунд на сторијата за трагичниот случај, објаснувајќи ја неговата генеза со обидот за самоубиство, па потоа и неспорната грешка на дел од медицинскиот персонал кој довел до трагични последици.

Коментирањето во текстот на моменти е интергрирано. Тоа посебно се огледа во потенцирањето на семејниот статус на жртвата, наведувајќи дека е шеесетгодишен „ерген“ и „стар беќар“.

Текстот е оригинален. Насловот информира, но е некреативен, сензационален и и несоодветен за случај со трагичен исход. Фотографијата со текстот е повеќе асоцијативна, иако е соодветна и информира.

Постои делумна социјална дискриминација на жртвата. Се користат еуфемизмите како „ерген“ и „стар беќар“, пласирани ударно во насловот. Обично се наведува дека некоја жртва на трагичен случај или медицинска грешка имала семејство, жена, деца, внуци и сл. Поприкладен би бил описот „живеел сам“. Кога би се сменил само полот на личноста за која станува збор, би добиле сторија за битолската „уседелица“, или „старата мома“, што дискриминира на социјален, семеен и личен план.

Во овој случај непотребно се потенцира социјалниот статус на жртвата на медицинска грешка. Ако веќе се наведува дека жртвата имала 60 години, како и неговата дијагноза (хронична депресија), тогаш потребна е малку почит, без пежоративности во насловот и подналовот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција