Спиро Ристовски: Вложуваме напори за интегрирање на децата со аутизам

spiro-ristovski
Спиро Ристовски, ВМРО-ДПМНЕ | Извор: Сител | Датум: 02.04.2012

Центарот е потврда на нашите напори што ги вложуваме за овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини. Ова докажува дека овие лица не се сами и препуштени на случајноста и дека ја заслужуваат нашата љубов и внимание. […] Дневниот центар за деца со аутизам има можност за користење сала за спортско-рекреативни активности, како и простории за работилници во кои ќе се спроведуваат работно-окупациони терапии, а ќе биде опремен и со сензорна соба.

Образложение:

Дневниот центар за деца со аутизам, според предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ 2011-2015, „Манифест за реформи и развој“, предвидено беше да се отвори во текот на 2013 година. Тогашниот Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во април 2012 година, најави дека Дневниот центар за деца болни од аутизам, ќе биде отворен во септември 2012 година, односно порано од рокот кој беше поставен во предизборната програма.

Една година подоцна, односно во ноември 2013 година, актуелниот Министер за труд и социјална политика Диме Спасов, изјави дека Дневниот центар за деца со аутизам, во Скопје, е во завршна фаза и треба да се отвори во наредниот период.

И покрај сите ветувања и најави за отворање на Дневниот центар, во изминатите 2 години, иако сме веќе 2014 година, центарот се уште не е отворен. Се смета дека непостоењето на Дневен центар за деца со аутизам, е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат овие деца.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција