ВМРО-ДПМНЕ: Дневен центар за деца со аутизам

Отворање на Дневен центар за деца со аутизам во Република Македонија. Носител: Министерството за труд и социјална политика и Локалната самоуправа. [Рок: 2013]

Образложение:

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, најави отворање на дневен центар за деца со аутизам во септември 2012 година. [Ажурирано на: 13.04.2012]

Дневниот центар за аутизам,  кој започна со работа на крајот на март 2014 година, нуди вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, креативно едукативни работилници и развој на социјалните вештини. Центарот има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години, а постои можност бројката да се зголемува. [Ажурирано на: 14.04.2014]

Иако со задоцнување од три месеци, сепак, може да се каже дека ова изборно ветување е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција