Спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром е реконструирана
Проект: Реконструкција на спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена сто- ларија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски во изборната програма со која излезе за локалните избори во 2013 година, вети: „Реконструкција на спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Ова негово изборно ветување дадено во споменатата изборна програма насловена: „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!“ во делот „Образование и наука“ (стр.22) е исполнето.
Со пребарување по интернет може да се најдат информации кои говоррат дека реновирањето на училишните фискултурни сали во Општина Аеродром („Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“) почна пролета 2013 година. По тој повод градоначалникот Коневски, во изјава за медиумите соопшти дека:
Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација. Реконструкцијата на учлишните сали ќе чини околу 30 милиони денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината. (Коневски)
Во август 2013 година медиумите информираа дека реконструкцијата на салите во споменатите училишта е во завршна фаза.
Од Општина Аеродром за „Вистиномер“ велат дека: фискултурната сала во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ е рановирана на крајот на август 2013 година, како дел од проектот за реконструкца на фискултурните сали во основните училишта во Аеродром .
Истата информација може да се прочита и во општинскиот весник бр.54 (стр.7) и на на веб – страницата на Општина Аеродром каде е објавено дека на 26 август 2013 година биле пуштени во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром“,(Образование и наука , стр.22) [Пристапено: 07.07.2017]
- Фактор (19.06.2013) Реконструираат спортските сали во Аеродром Реконструираат спортските сали во Аеродром [Пристапено на 07.07.2017]
- Точка (02.02.2013) Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 07.07.2017]
- Република (02.02.2013): Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 07.07.2017]
- Тајм.мк (26.08.2013): Салите реновирани, сега нема изговор за бегање од физичко [Пристапено: 07.07.2017]
- Прес24 (26.08.2013) ФОТО: Основците од Аеродром ќе вежбаат во реновирани спортски сали [Пристапено: 07.07.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар