Теорија на заговор е дека 5Г мрежата ќе убива вакцинирани, по што ќе се појави болеста Икс

Фото: Mohamed HassanPixabay

Во вакцините не постојат никакви состојки кои под дејство на 5Г мрежата може да предизвикаат смрт, ниту пак,  вакцинираните се таргетираат со електромагнетни бранови за да се предизвика смрт меѓу нив. Во објавата се манипулира со болеста Икс, која не постои. Ова хипотетичко име СЗО го користи за некоја засега непозната заразна инфекција која може да предизвика епидемија или доколку се прошири во неколку земји или континенти, пандемија. Името беше измислено уште пред избувнувањето на ковид-пандемијата. Се најде на листата со примарни болести објавена од СЗО во февруари 2018 година

Во вакцините не постојат никакви состојки кои под дејство на 5Г мрежата може да предизвикаат смрт, ниту, пак, вакцинираните се таргетираат со електромагнетни бранови за да се предизвика смрт меѓу нив. Во објавата се манипулира со болеста Икс, која не постои. Ова хипотетичко име СЗО го користи за некоја засега непозната заразна инфекција која може да предизвика епидемија или доколку се прошири во неколку земји или континенти, пандемија. Името беше измислено уште пред избувнувањето на ковид-пандемијата. Се најде на листата со примарни болести објавена од СЗО во февруари 2018 година

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Прашање е на време (можеби до крајот на оваа година?!), кога сатанистите, злосторниците Бил Гејтс и Клаус Шваб ќе наредат масовно 5Г мрежата да се активира на соодветни смртоносни фреквенции за да умрат голем број на „вакцинирани“ луѓе во целиот свет и веднаш потоа злосторничката СЗО да прогласи пандемија од наводното појавување на „болеста Икс“.

Во склоп на објавата се споделуваат видеоматеријали каде се кажува дека „вакцините се антени од графен оксид благодарение на кои човекот може да биде на нишан“. Има и едно видео на кое се наоѓа бадминтон играч кој колабира на теренот, а видеото е графички изменето на начин да изгледа дека низ него поминува нешто што го сече. Оригиналната неизменета снимка може да ја погледнете на следниот линк и од неа станува јасно дека се работи за смрт на теренот на 17 годишен бадминтон играч од непознати причини. 

Објавата што ја рецензираме шири теории на заговор и невистини. Во вакцините не постојат никакви состојки кои под дејство на 5Г мрежата може да предизвикаат смрт, ниту пак, вакцинираните се таргетираат со електромагнетни бранови за да се предизвика смрт меѓу нив.

5Г технологијата и вакцинацијата не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваа во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакциналниот процес.

Што се однесува до составот на вакцините против ковид и тврдењето дека тие содржат графен оксид, тоа, исто така, не е точно. „Вистиномер“ и на оваа тема веќе има пишувано.

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува е невистинита. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата не се никако поврзани. Вистината е дека состојките на вакцините се позната и јавна информација и ниедна вакцина не содржи микрочип. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар, а тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.

Во објавата се манипулира со болеста Икс, којашто е важно да се истакне дека не постои.

Ова хипотетичко име (болест или вирус Икс) СЗО го користи за некоја засега непозната заразна инфекција која може да предизвика епидемија или, доколку се прошири во неколку земји или континенти, пандемија. Името беше измислено пред избувнувањето на ковид-пандемијата. Се најде на листата со примарни болести објавена од СЗО во февруари 2018 година.

Иако во моментов не постои болест х, истражувачите, научниците и експертите ќе создадат акционен план за борба против таков вирус, кој ќе ги подготви националните здравствени системи за можна пандемија.

Ваквите подготвителни чекори се злоупотребуваат од страна на теоретичарите на заговори за да дезинформираат за идни планови „на Клаус Шваб и Бил Гејтс“, кои не постојат и никако не би можело да се остварат во смисла на убивање на луѓе преку 5Г мрежа.

Терминот за болеста Икс беше дискутиран од експертска комисија на состанокот на Светскиот економски форум во 2024 година во Давос.

Има работи кои се непознати, што може да се случат и сè што се случува е прашање на кога, а не на ако. Значи, треба да имаме место за тоа, за болестите за кои не знаеме дека може да се појават, а тоа беше кога го дадовме името „Болест Х“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), за време на експертската комисија во Давос минатата недела, објаснувајќи дека концептот првпат бил дискутиран во 2017 година и неодамна привлече „внимание“ на интернетпренесува Еуроњуз.

Уште во 2017 година, СЗО додаде „болест Х“ на кратката листа на патогени кои се сметаат за врвен приоритет за истражување, а последната вежба за одредување приоритети беше направена во 2018 година. Тековната листа ги вклучува ковид-19, кримско-конго хеморагична треска, вирусна болест ебола и марбург вирусна болест, ласа треска, Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС) и тежок акутен респираторен синдром (САРС), Нипа и хенипавирусни заболувања, треска од долината Рифт, Зика и болест Х.

Таргетирањето на приоритетните патогени и вирусни семејства за истражување и развој на контрамерки е од суштинско значење за брз и ефективен одговор на епидемијата и пандемијата. Без значајни инвестиции во истражување и развој пред пандемијата ковид-19, немаше да биде возможно да се развијат безбедни и ефективни вакцини во рекордно време, изјавил д-р Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за здравствени итни случаи на СЗО (21.11.2022).

Јасно е дека „болест Х“ не е ништо ново и непознато, туку со години е на приоритетната листа.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција