Теорија на заговор невистинито смета дека „неименувани сили“ го уништуваат системот за храна во САД

Фото: Видео принтскрин

Во видеото се споменува забраната за користење на вода над лимитот за некои од фармите во Ајдахо. Но наспроти изнесеното во објавата, забраната не е за да се „уништи и затвори системот за храна“ туку поради тоа што Департментот за водени ресурси, утврдил дека дел од сопствениците на фармите не се придржуваат до државниот план за користење на водата во пресрет на недостиг на вода.

Во споделеното видео се реафирмира тврдењето дека во моментот има национален недостиг на храна во САД поради забраната за наводнување на земјоделските површини. Сепак, иако во некои случаи залихите на одредена храна во некои продавници може да се ниски пред да стигне нова пратка, производството на храна и производителите се широко распространети во САД и нема никаква пријава за прекин во синџирот на испорака 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во која пишува:

Тие го затвораат снабдувањето со храна ширум светот. Тие го уништуваат добитокот. Тие ги откупуваат и затвораат земјоделските површини. Тие велат дека за да ги постигнеме нашите цели за јаглерод ние ќе ја уништиме способноста за производство на говедско, пилешко, јајца или риба. Ова е чин на војна против човештвото.

Во видеото се споменува забраната за користење на вода над лимитот за некои од фармите во Ајдахо. Но, наспроти изнесеното во објавата, забраната не е за да се „уништи и затвори системот за храна“, туку поради тоа што Департментот за водени ресурси, утврдил дека дел од сопствениците на фармите не се придржуваат до државниот план за користење на водата во пресрет на недостиг на вода.

И покрај тоа што некои корисници на вода за наводнување добија ограничувања, други корисници кои што се придржуваат до државниот план немаат прекин на водата. Департментот за водени ресурси извести дека прекинувањето на водата е неопходно поради тоа што се предвидува дека ќе има недостиг на вода оваа година, извести „Ајдахо Капитал Сан“.

Инаку, кога беше издадена наредбата за ограничување на водата во Ајдахо, објаснето беше дека ќе бидат афектирани 500 илјади акри земја, чии сопственици не се придржувале до планот одреден од државата. Департментот за водни ресурси на Ајдахо објаснува дека има два плана до кои што може да се држат корисниците на вода за да избегнат забрана за користење, во периодите кога има недостиг на вода. Еден е планот од 2009 година, а другиот е договор од 2016 година.

Во објавата се додава:

Велат ќе ја уништиме вашата способност да произведувате говедско, пилешко, риба, наводно за климатските промени, за здравјето. Но, ефектот е секогаш ист, се обидуваат да го затворат системот за храна. Зошто за овие луѓе ова е закана? Може да се објасни само со тоа дека се во војна со божјата креација. Ова е војна против човештвото, се додава во видеото.

Во оваа објава се реафирмира теоријата на заговор дека некој (не е наведено кој) се обидува да го сопре каналот за производство на храна од животинско и растително потекло. Тука се мешаат и ситуации во кои што објективен недостиг на вода во Ајдахо ги предизвикал властите да создадат план и да воведат рестрикции односно ограничувања на тоа кој ќе користи колку вода. Тоа е поради тоа што има недостиг на вода, а не зашто постои обид да се сопре производството на храна и градинарски и житни култури. Постојат ситуации во кои се уништува добиток, но тоа е поради болести, а не за да се сопрат сточарите да учествуваат во производството на месо и неговата продажба. Во САД системот за производство на храна не е доведен во прашање и нема недостиг на храна.

Нотирано е дека се реафирмира оваа теорија на заговор на начин што се злоупотребуваат сите проблеми кои што се случуваат на фармите, како на пример пожарите, кои се честа појава во САД, за да се „предупреди“ дека се уништува храната и сточарството за да се создаде недостиг.

Во моментот нема национален недостиг на храна, иако во некои случаи залихите на одредена храна во вашата продавница може да се ниски пред да стигне нова пратка односно набавка. Производството на храна и производителите се широко распространети во САД и нема никаква пријава за прекин во синџирот на испорака. Департментот за земјоделие одблиску го следи синџирот на испорака на храна во соработка со индустријата и други федерални и државни партнери. Во редовна комуникација сме со производителите на храна и продавниците, пишува на сајтот на Департментот за храна на САД.

Таму се додава дека се мониторира ситуацијата одблиску со федералните и државните партнери и се овозможува поддршка од владата за да се осигура дека сите Американци имаат достап до храна во било кое време кога им е потребно.

Дополнително, зелената агенда односно префрлувањето на обновливи и еколошки извори на енергија се иднината на светот, за да се контролира глобалното затоплување. Во 2015 година 175 земји од светот го потпишаа Парискиот климатски договор на Обединетите нации и се обврзаа да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид. Големите компании во светот, исто така, развиваат политики за намалување на емисиите, се префрлаат на обновлива енергија, а луѓето од целиот свет сè повеќе се свесни за своето учество во климатските промени и прават „позелени“ избори секој ден.

Сето ова не влијае на системот за производство на храна, ниту на живинарството и сточарството.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција