ТОП 5 дезинформации на албански јазик поврзани со КОВИД -19

 

Дезинформациите, пред сé, предизвикаа паника кај граѓаните и како последица на склоноста на граѓаните да го споделат прочитаното, непроверени и многу често лажни вести продираат до пошироката јавност

 

Пишува: Дрен Гргури

 

Во текот на март-април, многу различни дезинформации се ширеа на социјалните медиуми. Во оваа статија ќе ви ги претставиме топ 5-те дезинформации на албански јазик во врска со пандемијата КОВИД-19. На јавните објави на Фејсбук, дезинформацијата која што имаше најголем ангажман или интерактивност со јавноста, со над 12 илјади посети, беше онаа со американскиот доктор Рашид Бутар.

 

  • Американски лекар го шокира светот, ја открива вистината за коронавирусот (интерактивност: 12,423 посети)

На 16 април, на Јутјуб беше објавено видео според кое коронавирусот е мамка за присилно наметнување на инјектирање „задолжителна вакцина“ и микрочипови во луѓето. Видеото набрзо имаше милиони прегледи и покрај ветувањето на Јутјуб за борба против дезинформациите поврзани со КОВИД-19. Тоа беше објавено The Next News Network, канал на Јутјуб што се занимава со теории на заговор и е познат по објавување сомнителни и невистинити информации. За само четири дена видеото надмина 4 милиони прегледи. Ова видео со интервјуто на Др. Рашид Бутар, кој во извештајот на HuffingtonPost (Хафингтон Пост) беше претставен како широко дискредитиран остеопат, стана вест и во нашите медиуми. Различни медиуми на албански јазик известија за ова интервју, под наслов “Американски доктор го шокира светот, ја открива вистината за Коронавирусот: Нема ниту еден  починат, Тоа се манипулации, ќе не убијат со вакцината”. Видеото многу брзо стана вирално и кај нас, достигнувајќи илјадници споделувања на Фејсбук.

 

  • Нешто се подготвува! 40.000 припадници на американските специјални сили се распоредуваат во земјите на ЕУ околу Балканот! (интерактивност: 6.170 посети)

Вирална стана и дезинформацијата, според која, американски специјални сили слетале во Европа како резултат на наводно ескалирање на тензиите меѓу САД и Русија и дека коронавирусот се користи само како одвраќање на вниманието на граѓаните низ целиот свет. И при оваа дезинформација се потегнаа дилеми околу постоење на вакцина, како и тврдења дека вирусот не е баш толку опасен. Оваа дезинформација е претставена со сензационални наслови во некои медиуми на албански јазик, како на пр. „Нешто се подготвува! 40.000 припадници на американските специјални сили се распоредуваат во земјите на ЕУ, околу Балканот!”, „Затегнати односи со Русија, 20.000 американски војници се распоредуваат низ Европа” и „Да ја спречиме Русија!’ Американски воени авиони „слетаа“ во Европа”.

 

  • Јапонски лекар, еве како да дознаете дали сте заразени од КОВИД-19. (интерактивност: 6.085 посети)

Друга вирална дезинформација беше советот за тоа како да се дознае за неколку секунди ако сте заразени со корона вирусот. „Држете го здивот повеќе од 10 секунди. Ако успеете да го направите ова без кашлање или без да покажете знаци на вознемиреност или затегнатост во градите, тогаш не сте заразени“,стоеше во споделената информација, која беше едноставно дезинформација, затоа што ниту една здравствена установа не ја потврди оваа форма на тестирање за инфекција од овој вирус.

 

  • Лек за вирус К19 или начин како да се елиминира. (интерактивност: 4.330 посети)

Друга вирална дезинформација беше погрешниот совет, наводно медицински, за „откривањето“ на лек за КОВИД-19. „Рецептот е едноставен – лимон и сода бикарбона, измешајте и пијте ги како топол чај“, се вели во пораката. Сепак, Светската здравствена организација (СЗО) разјасни дека сè уште нема фармацевтски лек или производ што може да го излечи коронавирусот.

 

  • Видео на возач на автобус: Луѓето се убиваат намерно, не умираат од коронавирусот (интерактивност: 4.268 посети)

Видеото со дезинформација на возач на автобус, исто така, стана вирално на Интернет. Едно лице, возач на автобус, сподели видео во кое се кажува дека, наводно, во градовите низ Велика Британија луѓето се убиваат намерно и дека не умираат од коронавирусот. Тој апелираше до луѓето да не прифаќаат да се хоспитализираат.

 

КАКО ДА ЗАШТИТИМЕ ОД ДЕЗИНФОРМАЦИИ:

Инфодемијата е „болест“ на непроверени информации што се пласираат во јавноста и овој „вирус“ може да се пренесе од една до друга личност, за еден момент. Исто како што во борбата против Ковид-19 важи советот „мијте ги рацете често“, при справувањето со дезинформациите важи советето да расудуваме за секоја информација што ја добиваме и пред да ја дистрибуираме, да си поставиме најмалку три прашања самите на себе си како најдобра „вакцина” против инфодемијата:

 

  • 1.) Дали е ова доверлив извор?

Добро е да сте скептични кон информациите на кои сте подложни поради мноштвото дезинформации што кружат во интернет. Затоа, првото прашање што треба да си го поставите себе си е: Кој е изворот на информацијата и дали е доверлив?

  • 2.) Дали оваа вест е објавена и во други медиуми?

Второто прашање што треба да се постави е дали истата вест е објавена и во други медиуми. Вестите за КОВИД-19 се важни и е невозможно да не се објават од главните медиуми во државата.

  • 3.) Дали е заснована врз официјални извори?

Значи, за пандемијата на корона вирусот, вакцината сè уште не е пронајдена, но за инфодимијата неа веќе ја имаме. Доволно е да се биде внимателен и да се користат горенаведените прашања за да се заштитиме од инфодемија.

 

Инфодемијата е „болест“ на непроверени информации што се пласираат во јавноста и, овој вирус може да се пренесе од една до друга личност, за еден трен. Секако „Чистете ги рацете често“, да се отрезниме и да расудуваме за секоја информација што ја добиваме и пред да ја дистрибуираме, да поставиме најмалку три прашања себе си, а кои се и најдобрата „вакцина” против инфодемијата. (Извор)

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција