Твоето политичко ветување звучи познато: Кружен тек на влезот на Берово
Во 12-та радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателката требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето за изградба на кружен тек на влезот на Берово,
„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување кон крајот на ноември годинава. Ова ветување е исполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса tvoetovetuvanjezvucipoznato@radioindex.mk и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Дванаесеттата епизода може да ја проследите тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар