Твоето предизборно ветување звучи познато: Не е изградено основно училиште во Визбегово
Во петтата радиоемисија загатката беше предизборното ветување за изградба на ново основно училиште во Визбегово, во кое би учеле околу 50 деца од населените места с.Визбегово и Шуто Оризари. Тоа е ветување што пред локалните избори во 2013 година го даде градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски.
Радиото „Индекс“ во соработка со „Вистиномер“ почна радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата. Пријавувањето е можно и на телефонскиот број 075/755-588.
Во петтата радиоемисија загатката беше предизборното ветување за изградба на ново основно училиште во Визбегово, во кое би учеле околу 50 деца од населените места с.Визбегово и Шуто Оризари. Тоа го кажа градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски во Изборната програма (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Бутел“ (Образование и наука стр. 19), со која ја бараше довербата на граѓаните на Бутел за градоначалнички мандат, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувањето е оценето како неисполнето.
Петтата емисија може да ја проследите тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар