Твоето предизборно ветување звучи познато: Пругата Битола – Кременица

Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.

 

Во третата радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателката требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за изградба и реконструкција на пругата од Битола до Кременица, односно до границата со Република Грција.

„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма со која на парламентарните избори партијата во 2014 година ја освојуваше довербата на граѓаните. Ова ветување е неисполнето.

Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.

Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција