Уште една дезинформација за Бил Гејтс и ковид-19
Бил Гејтс не продавал вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален обид да се возврати на пандемијата и сиромашните држави да добијат вакцини за да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед на тоа што така може да се подобри квалитетот на животот на луѓето, да се одговори на светски епидемии и да се продолжи животниот век на луѓето.
Бил Гејтс не продава вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален фонд во обид да се возврати на пандемијата и сиромашните држави да добијат вакцини за да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед на тоа што така може да се подобри квалитетот на животот на луѓето, да се одговори на глобалните епидемии и да се продолжи животниот век на луѓето
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ако се сеќавате лани Гејтс беше лут. Малку луѓе умирале и помалку вакцини продале. Не можеле да ги спасат уплашените од смрт.
Вистиномер ги пребара сите изјави на Бил Гејтс од 2022 година преку пребарувачот Гугл и не пронајдовме ниту една негова изјава која барем приближно би наликувала на изнесеното во објавата. За време на ковид пандемијата, неосновани тврдења за вакцините кои потекнуваат од најтемните делови на интернетот беа широко распространети. Секаков тип на невистинити здравствени информации продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи, предизвикувајќи конфузија и опасност по јавното здравје.
Гејтс никогаш не продавал вакцини
Во објавата што ја рецензираме се прави лажна алузија дека Бил Гејтс „сака повеќе луѓе да умрат“ и дека вакцините тоа го предизвикуваат, што е невистина. Освен тоа, јавноста треба да знае дека Бил Гејтс нема продавано ковид вакцини. И во минатото имаше лажни информации според кои „Бил Гејтс кажал дека очекува 700 илјади жртви од вакцините“ и објавата која ја рецензираме оди по линија на овој невистинит наратив. Бил Гејтс, како поборник за вакцинација против ковид, преку Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестираше преку 300 милиони долари за соодветен одговор на коронавирусот и често беше поврзуван со разни теории на заговор кои што тој ги нарекува „бизарни“. Гејтс смета дека овие дезинформации се опасни и можат да обесхрабрат голем број луѓе да се вакцинираат. Во минатото имаше и фабрикации дека Бил Гејтс сака да ги убие луѓето со вакцини.
Четири организации, меѓу кои и организацијата на Бил и Мелинда Гејтс, потрошија 10 милијарди долари за справување со ковид од 2020 година. Тие колективно донираа 1,4 милијарди долари на Светската здравствена организација, помагајќи да се креираат критични иницијативи во битката против пандемијата. Лидерите на овие четири организации имаа пристап до светските влади, во Европа и во САД. Овие организации имаа идеја, намера и цел да се надмине нееднаквоста во дистрибуцијата на ковид вакцините во текот на пандемијата. Во блиска соработка со Светската здравствена организација, четирите групи одиграа клучна улога во формирањето на иницијативата наречена „Акцелератор за пристап до ковид алатки“ којшто се фокусираше на достава на тестови, третмани и вакцини во земји со низок и среден приход ширум светот. Ковакс механизмот, специјален конзорциум, е столбот на таа иницијатива.
Глобален одговор против пандемијата
Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата се фокусираше на поддршка на глобалниот одговор, кој обезбеди во земјите со среден и низок приход да има пристап до најдобрите податоци и алатки за справување со кризата, вели Марк Сузман, директор на фондацијата.
Во некои области имавме успеси. За најголемиот проблем, еднаковиот пристап до вакцини, целиот свет како целина потфрли, бидејќи земјите со големи приходи иницијално ги монополизираа достапните дози, изјави тој за Политико.
Справувањето со болестите индивидуално нема да реши многу глобални здравствени предизвици. Да се работи во подрачјата со болести ни дозволува да идентификуваме јавни добра кои може да го засилат глобалниот здравствен импакт и да ја намалат заканата од епидемии. Веруваме дека техничките иновации имаат клучна улога во дизјанот, развојот и распределбата на овие јавни добра. Инвестираме во длабинска техничка експертиза и нови платформи за развој на вакцини и за нивно производство за да ја забрзаме иновацијата за подобри, побрзи и поевтини вакцини. Исто така, инвестираме во висококвалитетни капацитети со квалитетни податоци, пишува на сајтот на Бил и Мелинда Гејтс.
На страницата на Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата има целосен времеплов на сите активности и финансиски средства кои што оваа фондација ги има дадено во текот на ковид пандемијата со цел зајакнување на глобалниот одгово на државите кон пандемијата, особено со фокус на земјите со ниски приходи за да имаат можност да добијат навремено вакцини, но и тестови, а и за да се направи брза вакцина. Но, Бил Гејтс нема продавано овие вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален обид да се возврати на пандемијата, сиромашните држави да добијат вакцини и да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед на тоа што така може да се подобри квалитетот на животот, да се одговори на глобалните епидемии и да се продолжи животниот век на луѓето.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Бил Гејтс никогаш не бил лут зашто „малку вакцини продале и малку луѓе умирале“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар