Вакцините и темјанот не помагаат со новиот корона вирус

лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Среде пандемијата на новиот корона вирус, една од работите што не исчезнаа се „чудесните“ лекови за овој вирус и за болеста што ја предизвикува.

Со дезинформации од оваа област се занимаваат црногорскиот, но и босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите, кои разоткрија некои дезинформации во врска со новиот корона вирус и лажните лекови за него. Така, Raskrinkavanje.me се занимава со тврдења дека од новиот корона вирус човек може да се спаси со темјан.

Еден портал во Црна Гора го објавил таквото тврдење, повикувајќи се на лекарот Иво Ѓуришиќ, поранешен директор на Центарот за здравје во главниот град Подгорица, кој во емисијата „Начисто“ на телевизија Српска рекол дека темјанот го убива корона вирусот. Но таквата теорија ја побиваат и од Светската здравствена организација, вклучително и од Инсттитутот за јавно здравје на Црна Гора, кој посочува дека темјанот не помага.

Во „списокот“ на чудесни лекови влегува и „вакцината против БСЖ“ и дека таа ги штити норороденчињата и од новиот корона вирус.

Но, збрката околу вакцината БСЖ и присуството на антигени против неа, е неоснована, оти ваквината е стара еден век, а тврдењата се релативно нови, но неоснована, објаснува д-р Томасовиќ.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција