Ванчо Стојанов

 

Ванчо Стојанов е градоначалник на Општина Василево

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Ванчо Стојанов е роден на 1 јануари 1967 година, во Струмица.Оженет е и татко на две деца

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршил во Средното медицинско училиште во Скопје, насока – медицински лаборант.

На Високата медицинска школа во Битола се стекнал со звањето дипломиран лабораториски аналитичар.

Говори три странски јазици: англиски, германски и грчки.

 

КАРИЕРА

Бил раководител на Клиничко – биохемиската лабораторија во Медицинскиот центар во Струмица, при што стекнал значително искуството за менаџирање, управување и тимска работа.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Член на ВМРО-ДПМНЕ станува во 2000 година.

На локалните избори во 2013 година граѓаните по втор пат го избираат за градоначалник на општина Василево. Член е на Управниот одбор на ЗЕЛС од јули 2011 година.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 6

Општина Василево – Градоначалник – Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција