Видеото од ученици што малтретираат наставничка е од Романија

Фото: Принтскрин видео

Видеоматеријалот што се споделува во постот не е од  С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од Македонија, сепак не е споделена информацијата дека настанот се случил на час во Романија, со што се пропушта контекстот. Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка по англиски јазик која предава во училиште во округот Прахова, а учениците на видеото се од 7 и 8 одделение  

Видеоматеријалот што се споделува во постот не е од  С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од Македонија, сепак, не е споделена информацијата дека настанот се случил на час во Романија, со што се пропушта контекстот. Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка по англиски јазик која предава во училиште во округот Прахова, а учениците на видеото се од 7 и 8 одделение  

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Ученици ја малтретираат својата наставничката која упорно се труди да предава. Во вакво ли општество треба да живееме?

Каде што не постои домашната култура и дисциплина…

Во видеоматеријалот кој трае 24 секунди, се гледа скандалозно недолично однесување на училиштен час, вознемирување на наставничка од страна на учениците, нарушување на нејзиниот дигнитет, потсмевање. Едноставно, видеоматеријалот претставува сè што не би требало да биде начин на однесување, а најмалку меѓу ученици и професорка на училиштен час. Под видеото има над 880 реакции, а истото има 120 илјади прегледи и над 500 коментари. Дел од коментарите гласат:

Многу ме интересира дали после објавувањето на оваа снимка некоја од надлежните институции ќе се одважи да преземе некакви мерки против насилниците. Навистина се претера со давање права на учениците! Што е со правото на одбрана на достоинството на наставниците????

 

На овој коментар до моментот на нашата рецензија има 93 допаѓања.

Во друг коментар пишува:

Итно надлежните да преземат соодветни мерки ова е срамота, крајно безобразие, некултура, без почит кон наставник!

 

Меѓутоа, видеото  не е од  С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од С. Македонија, сепак, не е споделена информацијата дека се работи за видео од час во Романија, со што се пропушта контекстот особено зашто се поставува и прашањето: „Во вакво општество ли треба да живееме?“.

Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка по англиски јазик со 20 години стаж, која предава во училиште во округот Прахова, а учениците на видеото се од 7 и 8 одделение.   Откако видеото стана јавно, во Романија тоа предизвика бројни реакции. Според медиумите во Романија наставничката изјавила дека „ништо сериозно не се случило“, иако на видеоматеријалот се гледа исклучително недолично, вознемирувачко однесување.

Во четвртокот на 6 април нè информираа како училиштен менаџмент за ова видео и дознавме дека постои. Директорката дошла до него и нè информираше нас, инспекторатот и полицијата. Има информација дека видеото е од пред 2 недели, изјавилa инспекторката од Прахова, Јона Ризеа.

Покрај тоа што за романските медиуми таа зборувала за проблематичното недолично однесување на учениците, таа ја споменала и професорката односно нејзината немоќ да воспостави авторитет.

Многу е тешко да се гледаат овие ненормални гестикулации за 13 и 14 годишни деца, тие очигледно се несоодветни за наставник. Од друга страна, загрижена сум за недостигот на авторитет на професорката, бидејќи верувам дека ова однесување на децата се развивало со текот на подолг временски период и не е нивна спонтана реакција, додаде таа.

Романските медиуми известуваат дека професорката имала проблем да воспостави авторитет во училницата долго време. Нејзините квалификации на евалуацијата спроведена минатата година биле добри, но колегите сметаат дека им дава преголема слобода на учениците.

Според медиумот Адеварул родителите на учениците кои се гледаат во видеото биле „изненадени“. Една од мерките кои ја наложил образовниот инспекторат е центар за поддршка и образовни ресурси, односно негови експерти да ги советуваат учениците и професорите во ова училиште. Ќе се воведе и училиштен советник од следната училишна година како резултат на овој инцдидент.

Поради фактот што во објавата на Фејсбук не е наведено дека настанот од видеото се случил во Романија, оценуваме дека постот е со пропуштен контекст.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција