ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на инфраструктура во викенд-зоната „Вршник“

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна проект со кој Крушево ќе оствари повеќекратни придобивки. Проектот за изградба на водоводна мрежа, сепарирана канализациона мрежа со пречистителна станица и стан- бени улици во викенд населбата Вршник, кој започна со реализација во 2013 година ќе придонесе за туристички развој на општината и подобрување на животниот стандард на населението. Буџет: околу 1.100.000 евра  [ Рок:  2014 година]

 

Образложение:

На 4 декември годинава на официјалната веб – страница на општина Крушево излезе текст во кој стои:

Завршија инфраструктурните зафати во викенд зоната „Вршник“. Изградени се атмосферска и фекална канализација, се изврши асфалтирање на улиците и поплочување нa тротоарите. Поставена е водоводна мрежа  низ населбата, поставена  е и поврзана електрична инсталација  и пречестителна станица. Со ова се овозможува од наредната градежна сезона да се отпочне со изградба на 20-те викенд куќи чии парцели се веќе продадени. Останати се уште две парцели за викенд куќи и една парцела за мал комерцијален објект.

 

Со оглед на тоа може да се каже дека ова ветување е исполнето, со забелешка дека рокот за неговата реализација е пробиен за една година .

 

Линкови:

 

Оценето од: Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција