Во Аеродром не е изградена нова гимназија

aerodrom.gov.mk

Ветувањето на градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, за изградба на ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“,  е неисполнето. Досега (21.06.2021) во Аеродром не е направенa новa гимназија, нејзината изградба не е ниту започната

Гимназија „Kузман Jосифовски Питу“ ново средно училиште во градот!

[Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов, „Живот во Скопје за сите!“ стр.34 – датум: октомври 2017 г. ]

Квалитетно образование – изградба на средно училиште, гимназија „Kузман Jосифовски – Питу“ (Рок: 2018-2020 година)

[Извор:Изборна програма на Златко Марин, Живот во Аеродром за сите! (стр.20)

 датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, за изградба на ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“,  е неисполнето.

Двајцата градоначалници излегоа со вакво ветување во кампањата за локалните избори кои се одржаа октомври 2017 година. Споменатото ветување е наведено во изборната програма на Шилегов„Живот во Скопје за сите!“,  стр.34, како и во изборната програма  на Марин – „Живот во Аеродром за сите!“ (стр.20). Градоначалникот на Аеродром во својата програма се обврзал и дека новата гимназија во оваа општина ќе биде изградена за две години, поточно во периодот од 2018 до 2020 година.

Сепак, ваквите изборни проекции не се оставрија, досега (21.06.2021) во Аеродром не е направено ново средно училиште , гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“. Изградбата на  гимназијата не е ниту започната,  а таа не се спомнува ниту во планираните проекти на Шилегов до крајот на мандатот – октомври 2021 година.

„Вистиномер“ побара информација од Општина Аеродром за тоа до каде е реализацијата на ветувањето за изградба на средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“, оттаму ни одговорија дека:

Изградбата на гимназија во Општина Аеродром е проект што е во тек на реализација, инаку под надлежност на Градот Скопје. Поточно во моментов Општина Аеродром и Град Скопје работат на изготвување на документација за промена на деталниот урбанистички план и негово усогласување со Генералниот урбанистички план. Со оглед на тоа што станува збор за капитален проект потребно е да се исполнат одредени процедури. Веднаш по исполнување на сите услови ќе почне и изградбата на објектот.

Имајќи предвид дека мандатот на градоначалниците завршува за три-четири месеци, односно во октомври оваа година, а  гимназијата сѐ уште  не почнала да се гради, ова изборно ветување на Шилегов и на Марин го оценуваме како неисполнето.

 

 ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција