Во пештера на Тајланд не бил пронајден скелет од џин, туку уште пред шест години имало уметничка изложба

Фото Michelle Raponi auf Pixabay

Проверката на Вистиномер покажа дека на Тајлнад не бил пронајден никаков скелет од џин висок пет метри и не станува збор за никакво археолошко откритие. Скелетот од пештерата во Тајланд за кој пишува оваа објава, бил дел од уметничка изложба во Краби, Тајланд. Делото е создадено од тајванскиот уметник Ту Веи-ченг за Тајландското биенале, меѓународна изложба на современа уметност која се одржала во ноември 2018 година

Проверката на Вистиномер покажа дека на Тајлнад не бил пронајден никаков скелет од џин висок пет метри и не станува збор за никакво археолошко откритие. Скелетот од пештерата на Тајланд за кој пишува оваа објава, бил дел од уметничка изложба во Краби, Тајланд. Делото е создадено од тајванскиот уметник Ту Веи-ченг за Тајландското биенале, меѓународна изложба на современа уметност која се одржала во ноември 2018 година

 

 

Објава на социјалната мрежа Threads од 13 мај, тврди дека во пештера во Тајланд бил пронајден скелет од џин висок пет метри. Објавата може да се најде и на Фејсбук.

Во пештера во Тајланд пронајден скелет од џин висок 5 метри. Научниците ја открија причината зошто тој бил таму.

Објавата споделува и напис во кој на почетокот се наведува дека скелетот од џинот бил пронајден во 2017 година.

Во 2017 година, група археолози ја истражуваа пештерата Као Канап Нам во Тајланд. Таму, според бројни сведоштва на локалните жители, биле откриени џиновски човечки скелети. Изненадувачки, овие приказни беа потврдени. На околу 70 метри од влезот, пештерскиот лак забележително се проширил, претворајќи се во сала. Токму тука истражувачите го ископаа првиот документиран скелет на џин во Тајланд, стои во текстот.

Според написот, научниците утврдиле дека наводно пронајдениот џин починал од тоа што го каснала голема змија.

Но, најизненадувачки, научниците успеаја да утврдат зошто тој починал. Факт е дека голема змија била испреплетена околу скелетот на џинот. Истражувачите укажуваат дека остар камен е вграден во пределот на черепот на рептилот. Односно, мажот, каснат од змија, успеал да му нанесе смртоносна рана на рептилот. Но, очигледно и самиот починал од отровот, се додава во тесктот.

Проверката на Вистиномер покажа дека не бил пронајден никаков скелет од џин и не станува збор за никакво археолошко откритие, туку скелетот од пештерата во Тајланд за кој пишува објавата што ја анализираме, бил дел од уметничка изложба во Краби, Тајланд.

Делото е создадено од тајванскиот уметник Ту Веи-ченг за Тајландското биенале, меѓународна изложба на современа уметност (тука, тука, тука) која се одржала во ноември 2018 година.

Според Министерството за култура на Тајван, скулптурата „Џиновски урнатини“ ги „истражува границите меѓу реалното и фиктивното за да се преиспита историјата“.

Поради сето ова, оценуваме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција