Во возилото што го задржа Царинската управа воопшто немало наркотични средства

Фото: Принтскрин customs.gov.mk

Самото соопштение од Царинската управа, пренесено во текстот споделен на Фејсбук, е целосно спротивно на изнесеното во објавата дека „царината пломбирала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони“. Во возилото немало дрога, туку најразлична стока тешка 1,2 тони

Самото соопштение од Царинската управа, пренесено во текстот споделен на Фејсбук, е целосно спротивно на изнесеното во објавата дека „царината пломбирала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони“. Во возилото немало дрога, туку најразлична стока тешка 1,2 тони

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Царината пломбирала и привремено задржала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони

Во склоп на објавата се споделува  текст од веб-портал, во кој пак, се пренесува соопштение од Царинската управа. Самото соопштение од Царинската управа е дијаметрално спротивно на изнесеното во објавата што ја рецензираме, во која се вели дека „царината пломбирала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони“.

Во соопштението од Царина такво нешто не е наведено, туку е наведено дека во комбето немало наркотични средства. Според соопштението од Царинска Управа, на 11 март 2024 година во попладневните часови на патниот правец Петровец-Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока увозно царинета на царинската испостава Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото. Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, се вели во соопштението од Царинската управа.

Главниот инспектор од Мобилна Царина, Горан Ѓоргиевски за медиумите даде и видеоизјава во којашто потврдува дека не постои заплена на наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото, рече меѓу другото тој. 

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Целосниот текст на веб-сајтот заедно со насловот се точни и вистинити, меѓутоа описот на објавата на Фејсбук кој гласи: „Царината пломбирала и привремено задржала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони“, не е вистинит. Во возилото немало наркотични средства, туку различна стока за која уште се утврдува што точно содржи, и таа стока била тешка 1,2 тони.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција