Закани од уредникот на Дневни Аваз врз редакцијата на Раскринкавање: „Ќе ме запомните кога ќе ви дојдам, ќе ве разнесам!“

Редакцијата на веб страницата за проверка на факти „Раскринкавање“ од Сараево, БиХ, деновиве извести дека Евелин Трако, извршен уредник на порталот Дневни Аваз, исто од Сараево, упатил телефонски закани до новинар(к)ите на „Раскринкавање“ дека ќе ги „разнесе“.

Редакцијата на веб страницата за проверка на факти „Раскринкавање“ од Сараево, БиХ, деновиве извести дека Евелин Трако, извршен уредник на порталот „Дневни Аваз“, исто од Сараево, упатил телефонски закани до новинар(к)ите на „Раскринкавање“ дека ќе ги „разнесе“.

 

Според дописот на колегите оо „Раскринкавање“, Трако на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја контактирал новинарката на страницата за проверка на факти преку нејзиниот приватен профил. Со приватни пораки ѝ се обратил по повод анализата објавена претходниот ден, а, во која, меѓу останатото, е анализирана и точноста на вестите објавени од страна на „Аваз“. Новинарката на „Раскринкавање“ го упати Трако кон и-мејл адресите за понатамошна комуникација што беше одбиено од негова страна, иако од претходно му е познато дека дека тоа е стандардна процедура за комуницирање со медиумите чии содржини се оценети во рамките на независната програма на „Фејсбук“ за проверка на фактите, каков што беше случајот и со оваа содржина.

Непосредно по оваа размена на пораки, се вели понатаму во дописот, здружението на граѓани „Зашто не“, во чија сопственост е страницата Раскринкавање.ба, преку телефон беше контактирано од лице кое се претстави како Евелин Трако од „Аваз“ со барање да разговара со авторката на спомнатиот напис. Финансиската администраторка на ЗГ „Зашто не“, која одговори на телефонскиот повик, во разговорот објасни дека со авторката може да се комуницира преку службениот и-мејл, како и дека таа не се бави со изработка на написи и ги нема информациите кои Трако упорно се обидува да ги добие.

Евелин Трако, и покрај ваквите објаснувања, го продолжи испитувањето со агресивен тон и прашања од типот „Тогаш кажете ми кој ве финансира?“, за потоа да почне да упатува и отворени закани кон колективот на Раскринкавање.ба, велејќи дека „добро ќе го запомниме ако ни дојде“, како и дека ќе не „разнесе.“

Евелин Трако и претходно ја вознемируваше редакцијата и новинар(к)ите на Раскринкавање, испраќајќи им приватни пораки и повикувајќи ги на нивните приватни телефонски броеви, се вели понатаму во дописот на проверувачите на факти. Ова е, сепак, првпат да станува збор за отворени закани со насилство, изречени со намера да се уплашат новинар(к)ите и да бидат спречени во вршењето на нивната новинарска работа. Заканата е дотолку полоша, велат тие, затоа што доаѓа од лице кое и самото е медиумски работник и е пријавена кај надлежните органи.

„Раскринкавање“ во својот допис до јавноста побара од медиумската куќа „Дневни Аваз“ итно да се огласи и да ја извести јавноста и редакцијата на „Раскринкавање“ за чекорите кои ќе ги преземе по повод криминалното и недозволено однесување на својот вработен и порача дека никакви обиди на заплашување, вклучувајќи и отворени закани со насилство нема да ги спречат во извршувањето на работата која отсекогаш ја извршуваат во склад со својата методологија и највисоките стандарди за проверка на факти.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција