Заменик-министерката за надворешни работи не е од ДУИ, туку од ДПА

Фото: mfa.gov.mk

Фатмире Исаки која е заменичка на министерот за надворешни работи Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија. Исаки е од редовите на ДПА и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020 година. Нејзината матична партија ДПА е еден од коалициските партнери на Владата уште од 2018 година, кога партијата влезе во Владата на тогашниот премиер Зоран Заев

Фатмире Исаки која е заменичка на министерот за надворешни работи Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија. Исаки е од редовите на ДПА и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020 година. Нејзината матична партија ДПА е еден од коалициските партнери на Владата уште од 2018 година, кога партијата влезе во Владата на тогашниот премиер Зоран Заев

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Фатмире Исаки, заменик-министерката за надворешни работи е дел од партијата ДУИ (Демократската унија за интеграции). Ова не е точно.

КАКО Е МОЖНО И ОВА?

ОСМАНИ МИСТЕР НА МНР

ФАТМИРЕ ИСАКИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКА НА ОСМАНИ !

Што е многу, многу е е не реално.Ова нее ни по Бадентер за 25%, туку е 100% по ДУИ систем.

ФАТМИРЕ ИСАКИ заменик министерка за надворешни работи ја преставуваше Македонија во Брисел на место Османи на министерскиот состанок, пишува во објавата.

Во оваа објава има критики и негодувања дека заменик-министер за надворешни е Фатмире Исаки. Притоа критиките не се поради компетенциите или некомпетенциите на оваа функционерка туку, бидејќи, како што тврди објавата, таа е дел од ДУИ.

Но, ова не е вистина. Исаки, која е заменичката на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не е дел од Демократската унија за интеграции. Таа никогаш не била дел од оваа партија.

Исаки е од редовите на Демократската партија на Албанците (ДПА). Ова го пишува во нејзината официјална биографија којашто е прикачена на официјалната веб-страница на Владата:

Во 2005 г. станува портпарол на ДПА, а во 2006 г. почнува да работи како претседател на форумот на жени во огранокот на  Демократска партија на Албанците, во Теарце.  Во 2017 г. е назначена за советник во советот на Општина Теарце. Во 2020 г. е назначена за претседател на „Унија на Жените на ДПА“. Истата година ја презема должноста потпретседател на Демократската партија на Албанците, и кандидат за пратеник на ДПА.

Исаки е дел од извршната власт и се наоѓа на оваа функција од февруари 2020 година. Нејзината матична партија ДПА е еден од коалициските партнери на Владата уште од 2018 година, кога партијата на Тачи влезе во Владата на тогашниот премиер Зоран Заев. Потоа, по парламентарните избори во 2020 година, СДСМ повторни ѝ понуди на ДПА да биде дел од Владата, по што ДПА доби заменик-министер.

Фатмире Исаки беше изгласана за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи во 2020 година. Со 62 гласа „за” и 44 „против”, Собранието во септември 2020 година, ги изгласа замениците-министри во Владата предводена од Заев, откако тој победи на предвремените  парламентарни избори одржани во јули 2020 година.

Потоа во 2022 година, со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието на 10 февруари избра 16 заменици-министри во Владата – меѓу кои и Исаки, предложени од премиерот, Димитар Ковачевски кога тој дојде на местото на Заев.

Само затоа што некој функционер има албанско име и презиме не значи дека по автоматизам тој е од ДУИ. Па така и Фатмире Исаки е Албанка која ја извршува функцијата заменик-министер за надворешни работи, но таа не е од ДУИ, туку од ДПА. Исто така, во последните неколку влади, освен од ДУИ коалициски партнери има и од други албански партии. Впрочем, во Владата има и функционери Албанци кои доаѓаат од неалбански партии, како што е сегашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.  Затоа оваа објава ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција