Знамето на напредок на гордоста не содржи симбол на педофилите

Фото: Принтскрин видео

Ова знаме не содржи „симбол на педофилите“. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор на различни групи

Ова знаме не содржи „симбол на педофилите“. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор на различни групи

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој со користење на говор на омраза против ЛГБТ заедницата, шири лаги за истата. Коментирајќи видео на кое се гледаат деца како носат знаме во боите на виножитото, во објавата меѓу другото се вели:

Едната половина на знамето е симболот на педофилите, а другата на ЛЏБТ заедницата!!!…

Станува збор за Знамето на напредок на гордоста (Progress Pride Flag).

Ова знаме не содржи симбол на педофилите. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор од различни групи.

Модерното знаме на гордоста вклучува ленти за да ги претставуваат искуствата на обоените луѓе, како и ленти за да ги претстават луѓето кои се идентификуваат како трансродови, родово несообразни (GNC) и/или недефинирани. Знамето на Daniel Quasar ги вклучува боите на знамето на транс заедницата, како и црни и кафени риги кои потсетуваат на знамето на гордоста на Филаделфија од 2017 година, кое се обиде дополнително да ги претстави квир и транс идентитетите на црните и кафените луѓе. Тие две ленти ги претставуваат и оние кои живеат со ХИВ/СИДА, луѓето кои починале од вирусот и целокупната стигма околу ХИВ/СИДА која останува и денес, се вели во едно од објаснувањата.

На страницата Queer in the world  се наведува дека Знамето за напредок на гордоста има црни и кафени риги за да ги прикаже маргинализираните ЛГБТК+ заедници во боја, и бебешка сина, розова и бела боја за да го вклучи транс-знамето во неговиот дизајн.

Даниел ги помести лентите на транс знамето и лентите на маргинализираните заедници така што тие формираат нова форма на стрела. Стрелката води кон десно за да овозможи движење напред, додека намерно се наоѓа по должината на левиот раб, што укажува на фактот дека треба да се направи уште многу напредок, пишува на страницата.

Од сето ова може да се заклучи дека ова знаме нема никаква врска со педофилите и тоа во никој случај не претставува нивни симбол. Според тоа, постот што го рецензираме, го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција