Андреј Жерновски: Гасификација на Општина Центар

 

544346_560324117331196_501608774_n_941937Гасификација на Општина Центар со што ќе се овозможат помали сметки за греење и повисоки еколошки перформанси. Гасификацијата ќе се одвива во две фази – во првата фаза ќе се приклучат поголемите потрошувачи, а во втората ќе се приклучат и колективните станбени згради. За таа цел, уште на првата седница на Советот на општината ќе биде формирано општинско јавно претпријатије „Центаргас“ кое ќе биде задолжено за реализација и управување со овој процес.

 

 

Образложение:

 

На 19 јуни 2013 година официјално беше најавен стартот на  проектот гасификација на Центар, со почеток на работите за  замена на парното греење со природен гас во О.У. „Димитар Миладинов“. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски тогаш  изјави:

„Од денеска започнува сериозен зафат со гасификација во општина Центар. „Димитар Миладинов“ досега плаќаше 80 илјади евра за парно греење, но со замената на природен гас, оваа сума ќе се намали на 30 илјади евра. Значи само за едно училиште општина Центар ќе заштеди цели 50.000 евра. Наша цел е да гасификацијата да се прошири, со што ќе има повеќе потрошувачи на природен гас. На оваа станица ќе може да се приклучат и околните станбени згради“.  [Пристапено на: 27.03.2015]

 

На 30 јуни  2013 година градоначалникот Жерновски соопшти дека  Советот на Општината донел  Одлука за формирање на новото претпријатие „Центар гас“.  Во интерес на граѓаните, тој го повика  градоначалникот на Скопје,  Коце Трајановски  заедно да работат на проектот гасификација.  [Пристапено на: 27.03.2015]

 

Во јули 2013 година  беа донесени  измените на Законот за енергетика, со кој надлежностите за почнување постапка  за давање концесија во областа на гасификацијата се префрлени на ниво на држава. Набрзо потоа градоначалникот Трајановски се повлече од идејата за гасификација,  како што пренесоа медиумите, поради лошите економски услови на енергетскиот пазар, како и поради споменатите законски измени.  Жерновски тогаш изјави дека не се откажува од проектот гасификација, коментирајќи ги притоа новите законски решенија како политички мотивирани. [Пристапено на: 27.03.2015]

 

Во наредните месеци нема информации за  активности во насока на спроведување на проектот гасификација на Центар.  Летото 2014 година, медиумите информираа дека Жерновски се откажал од овој проект. [Пристапено на: 27.03.2015]

 

На 20 август 2014 година  на седница на Советот на Општината, Жерновски одговарајќи на прашањето на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Трпески, зошто во кварталниот извештај не се предвидени средства за гасификација на  О.У. „Димитар Миладинов“,  изјави:

Градот Скопје многу брзо откако дојдов на функцијата даде соопштение дека  има потишано договор со Владата,  дека нема да дозволи општините да ја вршат таа дејност, туку  гасификацијата ќе оди исклучиво преку градот Скопје. Оттаму, сметам дека ќе нема можност да се врши гасификација, бидејќи тоа право ќе биде одземено. Иако, според мене тоа е апсолутно погрешно. Но, видете што се случува, не се сомневам дека таа идеја ќе се реализира. Така што, немам намера да вршам гасификација на нешто што ќе биде превземено, а потоа оценето како ненаменско трошење на средства. (од 0,30 до 1,15 минута од видеото) [Пристапено на: 27.03.2015]

 

 

Линкови:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција