Блаже Шапов

Блаже Шапов e градоначалник на Oпштина Богданци

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Блаже Шапов  е роден на 06.12.1977 година во Гевгелија,  живее во Богданци. Оженет е и татко е на две  деца. Тој е  поранешен тренер на ФК „Вардарски“ Богданци, а бил и претседател на СРД „Костреш“ Богданци.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Богданци. Средното образование го завршил во Скопје, каде што и дипломирал на Факултетот за физичка култура  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ( 2005 година). Зборува англиски јазик.

 

КАРИЕРА

Шапов пред да стане  градоначалник на Општина Богданци работел како професор по физичко воспитување во СОУ „Богданци“ од Богданци.

Во периодот од 2009 – 2013 година  бил член на Советот на Општина Богданци

Од 2013 – 2017 година бил  претседател на Советот на Општина Богданци.

На локалните избори кои се оджаа на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Богданци.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Богданци: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција