Населба во село Требош доби нова современа улица

Фото: Општина Желино

 

Ветување: Урбанизација на селата, отворање и одржување на патиштата

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017] 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во програмата на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во делот Урбанизам стои ветување за урбанизација на селата (стр. 6), а со изградба на патишта во неколку населби низ општината, во конкретниот случај во село Требош, ова ветување на Сејдиу, може да се оцени како исполнето.

На 25 јули градоначалникот Сејдиу во неговиот Фејсбук профил напиша дека финансиски придонес за изградбата на овој пат освен Општина Желино, дал и Весел Ахмеди:

 

Оваа недела Требош доби населба со европска инфраструктура. Придонес во изградбата на овој прекрасен пат, освен Општина Желино даде и Весел Ахмеди, тој беше главниот инвеститор во изградбата на овој пат. Како не можеме да се гордееме со луѓе како Весел. Примерен граѓанин за сите пофалби. Благодарам на семејството Весели за овој патриотски придонес, кој им помогна на Општината и граѓаните.

Во ова соопштение се ставени и фотографии од новата улица во Требош. А за асфалтираната улица во Требош информираа неколку локални медиуми а и Лајмпрес.

Со ова образложение ветувањето на градоначалникот Сејдиу за урбанизација на селата, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција