Блаже Станков

Блаже Станков e градоначалник на Oпштина Зрновци

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Блаже Станков е роден на 31.05. 1959 година во Кочани.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:

Своето основно и средно образование ги завршил во родниот град, а студиите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

 

КАРИЕРА

Од 1986 до 1991 година работи како приватен угостител во Виница, а потоа  угостителската дејност ја продолжува во Зрновци.

Од 1999 – 2002 година работи како началник на подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Кочани.

Од 2002 – 2009 година работи како приватен угостител во ДООЕЛ „Аминта“ – Зрновци.

На локалните избори во април 2009 година за првпат стана градоначалник на Општина Зрновци како кандидат на коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори во март 2013 година  го доби вториот градоначалнички мандат во Општната.

На последните локални избори во октомври 2017 година по третпат е избран за за градоначалник на Општина Зрновци.

 

ИЗВОР:

Веб-страница на Општина Зрновци: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.