Изграден кружниот тек меѓу Автокоманда и Железара

Најголемиот кружен тек во Скопје е пуштен во употреба во јули 2016 година Фото: Веб - страница на Град Скопје

ПРОЕКТ: Изградба на кружен тек на поврзувањето на улицата 16. Македонска бригада со улицата Коце Металец, во соработка со Град Скопје.  (Рок: 2015 година) (Тони Трајковски)

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА КРУЖЕН ТЕК МЕЃУ „16.МАКЕДОНСКА БРИГАДА“ И УЛИЦАТА „КОЦЕ МЕТАЛЕЦ“
Опис на проектот:  Во соработка со Општина Гази Баба, а во насока на растоварување на сообраќајниот метеж, Град Скопје ќе изработи техничка документација за нов кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и улицата „Коце Металец“. (Рок: 2015 година) (Коце Трајановски)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за локалните избори во 2013 година ветија изградба на кружен тек помеѓу населбите Автокоманда и Железара, поточно меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и  „Коце Металец, со рок на реализација 2015 година. Ова изборно ветување дадено во изборните програми на Трајановски (стр.58) и Тарјковски (стр.74),  е исполнето, со забелешка дека тоа е сторено со задоцнување  од една година .

Кружниот тек во Автокоманда е изграден и пуштен во употреба на 12 јули 2016 година. Од официјалниот настан медиумите пренесоа изјава од Трајановски во која тој вели:

На местото на постојната крстосница меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри. Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриена со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри.  Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри

Тогаш беше соопштено и дека вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари.

Овој кружен тек, за којшто во Отчетот  на  Трајановски за сработеното во изминатите четири години,  е посочено дека е најголем во Скопје, почна да се гради во август 2015 година. Споменатото изборно ветување „Вистиномер“   го анализираше  во април 2016 година и тогаш оценката беше „во тек“. (Доцни изградбата на кружниот тек кај Железарница)

ИЗВОРИ

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција