Изграден паркот покрај кејот на Вардар во Ново Лисиче

Најголемиот парк во Општина Аеродром на површина од 100.000 квадратни метри Фото: aerodrom.gov.mk

Изградба на голем зелен парк покрај кејот на реката Вардар, кај Куќата на фудбалот, на површина од 25 хектари

Во соработка со Владата на РМ и со Град Скопје ќе се изгради голем зелен парк покрај кејот на реката Вардар, кај Куќата на фудбалот, на површина од 25 хектари. (Рок: 2014-2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Зелениот парк покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром е изграден  и пуштен во употреба во јули 2016 година.  Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Урбанизам и животна средина стр. 32).

На 28 јули 2016 година скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Конески свечено го отворија новиот парк  во населбата Ново Лисиче. Паркот се протега на површина од околу 100.000 квадратни метри (околу 90.000 квадрати зелена површина) и е вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк.

Станува збор за најголемиот парк во Општина Аеродром. Покрај огромната површина парковско зеленило и садници, новиот парк содржи трим патеки, чешми за пиење вода, клупи, канти за отпадоци, летниковци, жардиниери, повеќенаменско спортско игралиште, две детски игралишта, хидрантска мрежа, како и осветлување со над 150 канделабри. На свеченото отворање на паркот, како што пренесоа медиумите, Коневски  меѓу другото, рече:

Во изградбата на овој парк, Општина Аеродром се вклучи преку поставување урбана опрема и осветлување. Во новиот парк се поставени околу 150 канделабри за кои Општината издвои околу 9 милиони денари. Тоа што навистина ме радува е трансформацијата на овој простор во овој прекрасен парк, кој до пред неколку години беше неуредена површина и депонија. Инаку, овој реализиран проект е уште еден доказ за одличната соработка помеѓу Општината и Градот Скопје, (Ивица  Коневски)

 Релизацијата на проектот започна во февруари 2015 година и во него, според информациите објавени во медиумите, до јули 2016 година  се инвестирани 44 милиони денари од Градот Скопје и 9 милиони денари од Општина Аеродром.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.