Кејот на реката Луда Мара не е доизграден до Брушански мост

Кеј на реката Луда Мара Фото: Веб-страница на Општина Кавадарци

 

Проект: Доизградба на кејот на реката Луда Мара до Брушански мост.

Продолжување на веќе реализираниот проект за изградба на кејот на реката Луда Мара како барање на граѓаните. Овој проект ќе се реализира со средства од буџетот на Општина Кавадарци. (Рок на реализација: 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за доизградба на кејот на реката Луда Мара до Брушански мост е делумно исполнето ветување на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Ветениот проект е дел од неговата изборна програма за локланите избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Кавадарци!“ (стр.43).

Доизградбата на кејот на реката Луда Мара до Брушански мост, Панов ја најавил и за време на предизборната кампања за локалните избори на 12.03.2013 година.

За наредните четири години најави изградба на подземен коридор и проширување на плоштадот, продолжување на кејот на реката Луда Мара до Брушанскиот мост, аква парк, нова детска градинка, нова зграда на противпожарната служба…, објави порталот Максим.

На 29.12.2015 година, медиумите објавија информација дека се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци.

Со изградбата на новиот дел, кавадарчани ќе добијат нови 200 метри пешачка патека по кејот на реката Луда Мара. Се гради од централната градинка до „Брушанскиот мост“. Се работи за продолжување на проектот за изградба на кеј на реката…, соопшти Службата за односи со јавноста на Општина Кавадарци, пренесе Лидер.

На 17.01.2017 година, во интервју за порталот Телеграф, градоначалникот на Кавадарци, Панов, говорејќи за реализираните проекти во текот на мандатот, посочува дека во 2016 година продолжила изградбата на кејот на реката Луда Мара.

Би напоменал дека во 2016 продолжи изградбата на кејот на реката Луда Мара во должина од 250 метри во правец кон селото Ваташа. Со ова се обезбедија дополнителни метри современо шеталиште, но се регулира и коритото, со што регулацијата на реката се подобри и се намалија условите од можни излевања и поплави.

На прашањето, кои се приоритетите на Општината во 2017 година, Панов одговара:

Општината лани реализира и многу други помали, но значајни проекти со кои се подобрија инфраструктурата и квалитетот на живеењето на граѓаните. Во тој правец ќе се продолжи и во оваа 2017 година, за која е предвидена реализација на следните капитални објекти: изградба на комплетно нова детска градинка на ул. „Ресавска“ во УЗ „Браќа Досеви“, доизградба на кејот на реката Луда Мара до Брушански мост, инвестиција на Општина Кавадарци во соработка со Вардарски плански регион во вредност од 15.000.000 денари.

Со тоа потврдува дека изградбата на кејот на реката Луда Мара до Брушански мост, како што му е ветено во предизборната програма, не е дозавршено.

На 09.05.2017 година, Ктв објави дека е потпишан договор за третата фаза за доизградба на кејот.

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект кој општина Кавадарци денеска го потпиша со Центарот за развој на Вардарски плански регион. Проектот тежи околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку метри градски кеј.

На 10.05.2017 година на веб – страницата на Општина Кавадарци има најава дека ќе продолжи изградбата на кејот на реката Луда Мара кон Брушански мост.

Имајќи го предвид сето ова, како и фактот дека мандатот на градоначалникот Панов е веќе истечен, може да се заклучи дека неговото ветување за доизградба на кејот до Брушански мост, е делумно исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција