Министерствата објавија само дел од документите од јавен карактер

sdsm-logo

 

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, нa 31.10.2017 година соопшти дека Владата усвоила информацијата подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, што се однесува на:

Листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб страни. Станува збор за листа од 21 документ, коишто во наредните 15 дена треба да бидат објавени на веб страните на министерствата.

[Извор: МИОА; Датум: 31.10.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На крајот на минатиот месец (31 октомври 2017 г.) министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на прес-конференција, меѓу другото, кажа дека во функција на  отчетно и транспарентно работење министерствата имаат рок од 15 дена на нивните веб-страници да објават листа од 21 документ. Иако рокот за објавување (15.11.2017),  помина може да се забележи дека досега (29.11.2017) на интеренет – страниците на министерствата не е објавен целиот сет од 21 документ во формата утврдена од МИОА, туку со исклучок на неколку министерства, на веб – сајтовите  најчесто има поставено само дел од документите од јавен карактер наведени во листата, па ветувањето го оценуваме како делумно исполнето.

Проверката на „Вистиномер“ на веб-страниците на сите 15 министерства покажа дека целата „листа на информации од јавен карактер“ ја има единствено на Министерството за информатичко општетство и администрација (МИОА), што е логично со оглед на фактот дека тие се иницијатори на проектот. Меѓутоа и таму, иако е на главната страница, таа е скриена  во рубриката „Односи со јавност“. Своевидна скратена листа (на која има поголем број од документите) може да се најде на сајтовите на министерствата за земјоделие, шумарство и водостопанство, за надворешни работи и за одбрна. На сајтовите на останатите министерства документите не се објавени систематизирано на еден список (листа),  туку најчесто ги има поединечно или групирани по неколку. Згора на тоа, тие не паѓаат в очи, туку  се „расфрлани“ и треба да се пребарува по веб-страницата. Иако поентата е сетот од овие документи да биде на едно место и веднаш забележлив.

Неодамна, на 22 ноември 2017 година (откако истече рокот за објавување на сетот- документи од јавен карактер), министерот  Манчевски одговарајќи на новинарско прашање, рече дека:

Има значителен напредок од голем број министерства и ќе направиме дополнителна проверка да видиме кој уште нема објавено од листата на документи за поголема транспарентност и отчетност на државните органи и ќе се заложиме за тоа.

Прашан што доколку некои Министерства не ги објават документите, Манчевски одговори:

Ќе ги објавиме јавно и јас ќе ги повикам од прес-конфернеција. Ќе бидат ставени пред јавноста дека се тип на инстутуции што не ги објавуваат документите. Мислам дека мора да воведеме и друг вид на култура, каде јавноста ќе биде најголем контролор на инстутуциите. Другата опција е да пратиме инспекции, ама не секогаш и тоа функционира.

Во интерес на јавноста да појасниме дека станува збор за следните документи:

    1. Стратешки план 
    2. Буџет -Измена и дополнување на буџетот за 2017 година
    3. Усвоени извештаи за реализација на Буџетот
    4. Ревизорски извештаи
    5. План за јавни набавки-Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2017 година 20.06.2017-Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2017 година 28.07.2017
    6. Правилник за внатрешна организација
    7. Органограм за внатрешна организација
    8. Правилник за систематизација на работните места
    9. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон
    10. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство
    11. Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат
    12. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти
    13. Листа на информации од јавен карактер
    14. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер
    15. Правилник за заштитено внатрешно пријавување
    16. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
    17. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон
    18. Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања
    19. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста
    20. Биографии од Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар
    21. Најава на месечни настани или онлајн календар

Предложениот сет документи е унифициран и важи за сите министерства (15), и тие треба да ги објавуваат и редовно да ги ажурираат на своите веб-страници. Како што појасни тогаш (31.10.2017) министерот Манчевски, само министерствата за одбрана и за внатрешни работи на своите веб-страници нема да ги објавуваат: плановите за јавни набавки, Правилникот за внатрешна организација, Правилникот за систематизација на работните места и списокот на вработените.

Но, зошто е потребно јавното објавување на оваа Листа на документи од јавен карактер? Затоа што на овој начин, како што посочи министерот Манчевски пред речиси еден месец, (31.10.2017):

На граѓаните им се овозможува да добиваат информации кои им се неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, учество во донесувањето на одлуките и барање одговорност од институциите. Исто така, ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни, вклучително и на медиумите, непречено да вршат реална и навремена анализа на работата на институциите

А, покрај министерствата, според најавата од Манчевски, предложениот сет документи ќе треба да биде објавуван и од страна на другите органи на управата, за кои засега се прават детални анализи за евентуални сензитивни информации и податоци, кои може да се однесуваат за одредени институции.

 

ШТО ПОКАЖУВА ПРЕГЛЕДОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦИТЕ НА МИНИСТЕРСТВАТА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕТСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

На главното мени на веб-страницата на МИОА, во рубриката „Односи со јавност“, има подрубрика „Информации од јавен карактер“, која води до

  Листа на информации од јавен карактер

  1. Стратешки план на Министерството за информатичко општество и администрација
  2. Буџет на Министерството за информатичко општество и администрација –Измена и дополнување на буџетот за 2017 година
  3. Усвоени извештаи за реализација на Буџетот
  4. Ревизорски извештаи
  5. План за јавни набавки – Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2017 година 20.06.2017
    – Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2017 година 28.07.2017
    – Измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2017 година 23.11.2017
  6. Правилник за внатрешна организација
  7. Органограм за внатрешна организација
  8. Правилник за систематизација на работните места
  9. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон
  10. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство
  11. Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат
  12. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти
  13. Листа на информации од јавен карактер
  14. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер
  15. Правилник за заштитено внатрешно пријавување
  16. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
  17. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон
  18. Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања
  19. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста
  20. Биографии од МинистеротЗаменик министерот и Државниот секретар
  21. Најава на месечни настани или онлајн календар

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

На главното мени на интернет – страницата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство , постои копче „јавно достапни информации“ кое води до скратената листа документи објавени во периодот од 14 до 29 ноември 2017 година.

  1. Стратешки план;
  2. Буџет;
  3. Усвоени извештаи за реализација на буџетот;
  4. Ревизорски извештаи;
  5. План за јавни набавки;
  6. Правилник и Органограм за внатрешна организација;
  7. Правилник за систематизација на работните места
  8. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти;
  9. Обрасци и барања;
  10. Тарифници за надоместоци;
  11. Листа на информации од јавен карактер;
  12. Контакт од лице задолжено за информации;
  13. Правилник за заштитено внатрешно пријавување;
  14. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон;
  15. Листа на активни регистри на МЗШВ;

Биографиите од министерот, заменик-министерот и од државниот секретар, се добиваат од „главното мени“, а контакт-телефон и имејл од Министерството за генерални прашања се добива преку копчето „контакт“ на главната страница.
На веб-страницата не најдовме : Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон  и најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

На веб-сајтот на Министерството за надворешни работи, преку  рубриката „медиа центар“ може да се дојде  до полето „слободен пристап до информации“,  кое води до листа информации од јавен карактер и до контактите со службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во рубриката „Документи“ на почетна страница  има поле „Стратешки план, буџет и набавки“ каде се посочени седум документи:

  1. Стратешки план 2017-2019
  2. Буџет
  3. Финансиски извештај по завршна сметка МНР 2016 год.
  4. Измена на план за јавни набавки2017
  5. Извештај на Државен завод за ревизија, 02/2016
  6. Конечен извештај за ФУК 2015 на ДЗР
  7. План за јавни набавки2017

Во истата рубрика („Документи“)  има поле „закони“ каде се наведени следните документи

На ова место („закони“) е посочено овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување во Министерството за надворешни работи, како и Листа на активни регистри што ги води Министерството:

  • Регистар за издадени дипломатски, службени, конзуларни и специјални лични карти како
  • Регистар за издадени решенија за регистрација и за продолжување на регистрација на постојаните странски дописници во Република Македонија

На главната страница е посочено „Контакт инфо“ со телефон и мејл од Министерството за генерални прашања, а во рубриката „Министерство“ може да се добијат биографии од министерот, заменик-министерот и од државниот секретар. На интернет страницата на Министерството не можевме да најдеме: список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон. На насловната страница има поле за онлајн-календар со настани, но тој не функционира, барем при нашата последна проврека (29.11.2017).

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

На сајтот на Министерството за одбрана, на насловната страница има поле „Јавноста има право да знае“,  кое води до „ стратешките документи и сите останати информации од Министерството за одбрана кои се од интерес за јавноста“:

Сепак, тоа не е целата листа на документи којашто требаше да се објави. На пример, оргамограмот на Министсeрството и биографиите на  министерката, заменик-министерот и од државниот секретар, треба да се бараат на друго место, односно во секцијата „Министрество“ , а законите и подзаконските акти во полето „Легислатива“ на насловната страница. Контакт телефон и мејлот од Министерството за генерални прашања се добива преку копчето „контакт“ најгоре во десниот агол на главната страница.

Некои од документите не ги  пронајдовме, како на пример: Правилник0т за заштитено внатрешно пријавување, Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување и име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен  имејл и службен телефон.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

На веб-страницата на Министерството за здравство, преку полето „документи“ на главното мени , може да се најде „листата на информации од јавен карактер“ има дури и шематски приказ, но не функционираат сите полиња, па некои податоци не може да се добијат (Листа на информации од јавен карактер; Листа на активни регистри што ги води министерството; Усвоени извештаи за реализација на буџетот…).

Исто така, во овој шематски приказ нема некои од информациите како на пример: Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување; Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон.

Биографиите од министерот, заменик – министерот и државниот секретар се добиваат преку рубриката „Министерство“, а контакт телефон и мејлот од Министерството за генерални прашања е наведен најдолу (лево) на главната страница. Интересно е што како министер сѐ уште стои Арбен Таравари, кој, пак, веќе еден месец е градоначалник на Гостивар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи има  „копче“ резервирано за „Слободен пристап до информации“, но таму го нема целиот список од документите кои ги посочи Манчевски, туку води до конатктите до службените лица  кои ќе посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, и до Листа на информации од јавен карактер со кои располага министерството за внатрешни работи.

Дел од  документите: стратешки план,  биографии од министерот, заменик министерот и државниот секретар, органограм, закони, информации за офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон; Контакт-телефон и мејл од Министерството за генерални прашања, контакт од лицето овластено за заштитено внатрешно пријавување  треба да се бараат во повеќе секции на главното мени.

Но, некои од документите ние не можевме да ги најдеме: како на пример, Буџет, ревизорски извештаи, регистри, Правилникот за заштитено внатрешно пријавување…

 

МИНИСТЕСТВО ЗА ПРАВДА

На главната веб-страницата на Министреството за правда,  нема посебно место наменето за  целиот  „ сет  документи од јавен карактер“ , иако со пребарување на рубриките на насловната страница: „Министерство“, „Ресурси“, „Регулатива“, „Регистри“,  „Односи со јавност“ и „Контакт“ ,  може да се најдат повеќето од документите наведени во овој список, како што се:

  1. Стратешки план;
  2.  Буџет;
  3. План за јавни набавки;
  4.  Правилник за внатрешна организација;
  5. Органограм за внатрешна организација;
  6.  Правилник за систематизација на работните места;
  7. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство;
  8.  Обрасци што ги користат граѓаните при доставување поднесоци до министерствата за остварување на своите права;
  9.  Листа на информации од јавен карактер;
  10. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер;
  11. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон;  
  12. Контакт-телефон и имејл од министерството за генерални прашања;
  13. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста;
  14. Биографии од министерот, заменик-министерот и од државниот секретар.

Сепак, на веб-страницата на Министерството за правда не успеавме да најдеме: Усвоени извештаи за реализација на буџетот; Ревизорски извештај (има објавено само од 2011 година); Најава на месечни настани или онлајн-календар; Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон; Тарифници за надоместоци за издавање реални акти;  Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

И на насловната  интернет страница на Министерството за финансии не забележавме посебно поле преку кое може да се дојде до целата „листа на  документи од јавен карактер“ објавена на МИОА. Во ова Министерство споменатите информации се расрфлани низ целиот сајт и до тие што успеавме да ги најдеме се доаѓа преку различни полиња.

На главната страница има рубрика „Транспарентност и отчетнот“, каде може да се најдат информации за извршување на Буџетот и извештаи , фискалната стратегија за 2018-2020  , како и  онлајн-календар на настани (без најава на месечни настани). Преку полето „Односи со јавност“ (во горниот десен агол), може да се дојде до листата на информации од јавен карактер  со кои располага Министерството за финансии и контактот со „службеното лице за посредување“, како и до контакт со „лице овластено за прием на пријави од укажувачи“.

Копчето „контакт“ води до контакт-телефон и имејл од Министерството за генерални прашања, а таму ги има и „клучните контакти од поодделните сектори на Министерството за финансии“, како и „списокот на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон“. Преку полето „закони и прописи“ се доаѓа до рубриката „ Заштита на лични податоци“ , каде има „Контакт податоци на Офицерите за заштита на лични податоци во  Министерството за финансии“.

На сајтот на министерството ја има биографијата на министерот за финансии, заменик-министерот, но не и на на  државниот секретар (има објавено само име,  презиме, контакт телефон и мејл). Исто така, на можевме да најдеме некои документи од јавен карактер,  како на пример,  Правилникот за внатрешна организација; Органограмот за внатрешна организација; Правилник за систематизација на работните места… Тие можеби се во некоја од рубриките, но не се на видно место.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

На веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, не забележавме видно означено место на кое може да се отвори целиот список со информации од јавен карактер, па и тука треба да се пребарува за да се дојде до овие документи.

Преку полето „Формулари“ може да се добијат следниве информации:

  1. Буџет за 2017 година;
  2. План за јавни набавки за 2017 година;
  3. Нацрт стратешки план 2018- 2020 година;
  4. Извештаи од спроведени ревизии од страна на ДЗР;
  5. Правилник за систематизација на работни места;
  6. Правилник за внатрешна организација;
  7. Листа на информации од јавен карактер;
  8. Контакт лице за заштитено внатрешно пријавување;
  9. Офицер за заштита на лични податоци;
  10. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер;
  11.  Тарифници за надоместоци за издавање реални акти;

Преку полето „Огласна табла“ и подрубриката „Регулатива/законски прописи“ се добиваат   закони и подзаконски акти во надлежност на  Министерство; најдолу на веб-страницата може да се отвори  Органограмот за внатрешна организација; полето „Министерство“ води до биографии од министерот и заменик-министерот, а за државниот секретар нема никакви податоци. Рубриката „Огласна табала“ води до Листа на активни регистри што ги води Министерството, а полето „Контакт“ води до  Контакт-телефон и имејл од Министерството за генерални прашања;
Не најдовме  информации за: Усвоени извештаи за реализација на буџетот; Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон;  Обрасци што ги користат граѓаните при доставување поднесоци до министерствата за остварување на своите права; Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

На насловната  веб-страница на Министертвото за труд и социјална политика нема означено место каде може да се најде „Листата на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА. Докуметните наведени во овој список се расфрлани во различни полиња – рубрики на интернет- страницата на Министсрството.  Преку рубриката „Односи со јавност“ и подрубриката „Слободен пристап до информации“ може да се дојде до: Листа на информации од јавен карактер со кои располага Министерството за труд и социјална политик; Обрасци и барања; Тарифници за надоместоци за издавање реални акти;  Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер. Рубриката „Регулатива“ и подрубриките „Закони“ и „Регулатива“, водат до „Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти од надлежноста на МТСП; и до стратешките документи:

  1. Стратешки план;
  2. Буџет;
  3. Правилник за внатрешна организација;
  4. Правилник за систематизација на работните места;
  5. Правилник за заштитено внатрешно пријавување;
  6. Органограм на Министерство за труд и социјална политика

На насловната страница има полиња  „Најава за медиумски активности“ и „Регистри“. Преку копчето „контакти“ се добиваат:

  1.  Контакт-телефон и мејлови од  Министерството,
  2. Список  на лица вработени во Министерство за труд и социјална политика,
  3. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување;
  4.  Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон;
  5. Од полето „за Министсртсвото“ се добиваат биографиите од министерката, заменик-министерот и од државниот секретар;

На веб-страницата на МТСП не ги најдовме Планот за јавни набавки и Ревизорските извештаи.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

На насловната интернет страница на Министерството за економија има поле „документи од јавен карактер“, но тоа не функционира (проверено последен пат на 29.11.2017). Целата „листа на информации од јавен карактер“ не може да се добие ниту преку некоја друга рубрика на главното мени, туку за секој од документите и информациите мора да се пребарува по веб-страницата на Министерството.

Органограмот и биографиите на министерот, заменик министерот и државниот секретар ги најдовме преку копчето „Министерство“. Тука, од подрубриката „Сектори во министерството“ се доаѓа до Список на лица вработени во Министсртвото,  позиција, службен имејл и службен телефон. Преку полето „Документи“, подрубрика „Стратегии“  се добива Стратешкиот план, преку ова поле и неговата подрубрика „Формулари“ може да се добијат  обрасци што ги користат граѓаните при доставување поднесоци до Министерството.  Преку полето „Регулатива“  на главната страница се добиваат  законите и подзаконските акти, како и регистрите што ги води Министерството, а  подрубриката „подзаконски акти“ води до „Правилникот за заштитено внатрешно пријавување“. Преку полето „Односи со јавност“ може да се добие контакт од лицата  задолжени за информации од јавен карактер, да се дојде до ревизорските извештаи , а полето „контакт“ води до контакт-телефон и мејлот од Министерството .

Другите информации наведени во листата од МИОА не успеавме да ги најдеме, како на пример: Буџетот; Планот за јавни набавки; Правилникот за внатрешна организација; Правилникот за систематизација на работните места; Листата на информации од јавен карактер; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување; Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон; Најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

На веб-страницата на Министерството за образование и наука, не може да се најде целата „Листа на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА. Одделни информации-документи од оваа листа ги има на различни места/рубрики. На насловната страница може да се најдат биографиите на министерката, заменик-министерот и од државниот секретар (преку полето „Министерство), а најдолу на главната страница на МОН е посочен Контакт-телефон и имејл министерството за генерални од прашања.

Преку рубриката „Министерство“ и подрубриката „Организација и систематизација на МОН“ се добиваат:

  1.  OрганограмМОН
  2. Правилникот за внатрешна организација МОН,
  3. Правилникот за систематизација на работни места во МОН.

Полето „Документи“ води до „Стратешки план на Министерството за образование и наука 2017-2019“, а рубриката „Прописи“ до Консолидираните закони во надлежност на МОН

На интернет страницата на МОН не успеавме да најдеме повеќе документи, меѓу кои: Буџетот, Усвоени извештаи за реализација на буџетот, Ревизорските извешати, Планот за јавни набавки, Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон;  Листа на информации од јавен карактер; Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер; Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права; Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување; Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон; Листа на активни регистри што ги води министерството; Најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

На насловната  страницата на Министерството за локална самоуправа не забележавме поле кое води до целата  „Листа на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА. До некои од информациите –документите наведени во овој список може да се дојде со пребарување на веб-страницата на Министерството.

Преку  полето „Документи“ се добиваат:

  1. Стратешки план на Министерството за локална самоуправа,
  2. Буџет на Министерството за локална самоуправа,
  3.  Извештај за реализација на буџетот,
  4. План за јавни набавки,
  5. Ревизорски извештаи.

Преку полето „Министерство“ се добива Органограмот за внатрешна организација на Министерството

Преку рубриката „Информации“ и подрубриката „Слободен пристап до информации од јавен карактер“ се стигнува до:

  1. Листа на информации од јавен карактер на МЛС,
  2. Службеното лице за посредување со информации од јавен карактер,
  3. Офицерот за заштита на лични податоци,
  4. Тарифникот за надоместок за трошоци за издавање реални акти.

Во подрубриката „Јавни набавки“ (рубрика „Информации“) е означен документ „План за јавни набавки“, но тој не се отвора. Исто така, не функционира ни подрубриката „Најава на настани“, каде што не може да се добијат никакви информации за настани.

Од рубриката „Закони“ може да се добијат „консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност МЛС“

Рубриката „Министерство“ води до биографиите на министерот и на заменик-министерот, додека за државниот секретар не се објавени никаквви податоци освен името и презимето.

Копчето „Контакт“ води до „Контакт-телефон и имејл министерството за генерални од прашања“.

На интернет страницата на МЛС освен Планот за јавни набавки и најавата за настани, не ги најдовме ниту овие документи: Правилник за внатрешна организација; Правилник за систематизација на работните места; Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон; Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Листа на активни регистри што ги води Министерството.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

На насловната страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање не забележавме посебно поле каде може  да се добие целата  „Листа на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА.

Рубриката „Сервиси“ води до подрубриката „Слободен пристап до информации“ каде има Листа на информации од јавен карактер во надлежност на Министерството и контакт од лицето задолжено за информации од јавен карактер

Од рубриката „Документи“ може да се добие  Стратешки план; Листа на активни регистри што ги води Министерството; Рубриката „Регулатива“ се добиваат закони и подзаконски акти во надлежност на МЖСПП;

Копчето „Контакт“ води до контакт-телефоните од Министерството  и имејл министерството за генерални од прашања;

Од рубриката „Минисерство“ може да се добијат биографиите на министерот, заменик-министерот, но за државниот секретар нема никакви податоци. Има поле за органограм но не функционира.

На веб-страницата на МЖСПП не успавме да ги најдеме: Буџетот; Усвоени извештаи за реализација на буџетот; Ревизорски извештаи; План за јавни набавки;. Правилник за внатрешна организација; Органограм за внатрешна организација; Правилник за систематизација на работните места; Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон; Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување; Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон; Најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

На веб-страницата на Министерството за култура не забележавме посебно поле од кое може да се дојде до „Листата на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА.  Фактички во ова Министерство најдовме само неколку вакви информации.

Преку рубриката „Министерство“ се добиваат биографиите на министерот, заменик-министерот и од државниот секретар, а од подрубриката „сектори“ се доаѓа до Органограмот за внатрешна организација на МК и Правилникот за систематизација на работните места. Преку полето „Легислатива“ се доаѓа до  консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на Министерството, а во полето „Контакт“ се наведени  Контакт-телефон и имејл министерството за генерални од прашања и контакт телефони од  вработените во Министерството за култура.

На сајтот на ова Министерство не можевме да најдеме: Стратешки план; Буџет; Усвоени извештаи за реализација на буџетот; Ревизорски извештаи; План за јавни набавки; Правилник за внатрешна организација; Тарифници за надоместоци за издавање реални акти; Листа на информации од јавен карактер;  Правилник за заштитено внатрешно пријавување; Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување; Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон; Листа на активни регистри што ги води министерството; Најава на месечни настани или онлајн-календар…

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *