Никола Груевски: Субвенционирањето на земјоделското производство постојано се зголемува и достигна 130 милиони евра

Субвенционирањето на земјоделското производство постојано се зголемуваа за од 27 милиони евра во 2007 година, сега да достигнат бројка од 130 милиони евра. За следната година за субвенции во земјоделството и руралниот развој премиерот најави 135 милиони евра, а до крајот на 2015 година таа бројка да достигне до 150 милиони евра годишно. [Датум: 28.05.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Изјавата на Премиерот Никола Груевски дадена на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево се однесува на ветување од предизборната кампања на оваа партија. Според информациите, вистина е дека од 2006 година, сумата исплатена за субвенции постојано се зголемува:

  • 2006 година: 17,6 милиони евра
  • 2007 година: 21 милион евра
  • 2008 година: 45 милиони евра
  • 2009 година: 70 милиони евра
  • 2010година: 113 милиони евра

Понатака, според информациите од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, во 2011 година биле исплатени предвидените 115 милиони евра за субвенции во земјоделството. Но, со Програмата за финансиска подршка на земјоделството за 2012 година, предвидени се 113 милиони евра за субвенции во земјоделството, а не 130 милиони евра.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција