ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции од 670 милиони евра
Ќе продолжиме да ја зголемуваме силната финансиска поддршка на аграрот и на руралниот развој. Оваа година ќе ја исполниме ветената исплата на субвенции од 115 милиони евра. За наредните четири години ќе обезбедиме дополнителни 585 милиони евра за земјоделците.
- За 2011 – 115 милиони евра
- За 2012 – 130 милиони евра
- За 2013 – 135 милиони евра
- За 2014 – 140 милиони евра
- За 2015 – 150 милиони евра
Како и досега, поддршката ќе биде обезбедена за стимулирање на земјоделски производи со висок квалитет и извозен потенцијал (тутунот, лозарството, производство на зеленчук и овошје, овчарство и козарство, органското производство), но и за производите со пониска продуктивност кои се важни за обезбедување на основна храна за населението како житните култури и кравјото млеко. На овој начин постепено ќе се создадат услови за уште поголем извоз, но и намалување на увозот на дефицитарните прехранбени производи и супституција на увозот со поголемо домашно производство.
Образложение:
Во изминатите години во повеќе наврати се исплатувани субвенции за земјоделците. .
Во март 2012 година Министерството за финансии денес исплати 198 милиони денари субвенции за површини со полјоделски култури.
Во јули 2012 година премиерот соопшти дека ветените 115 милиони евра земјоделски субвенции за 2011 година се целосно исплатени
Во март 2013 година Министерството за финансии исплати 2,35 милиони евра субвенции на 10.681 земјоделец за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување
Во јули 2013 година Министерството за финансии соопшти дека се исплатени 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.
На 27 февруари 2014 година Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи.
На први март 2014 година Министерството за финансии соопшти дека исплатило 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи.
На 13 март 2014 година министерот за земјоделие, Љупчо Димовски изјави дека во изминатите години се исплатени вкупно 720 милиони евра како субвенции за земјоделството. Тој најави дека за следниот период до 2017 година земјоделците треба да очекуваат 590 милиони евра, средства за покривање на дел од трошоците во земјоделското производство, и тоа: 140 милиони евра за 2014 година и по 150 милиони евра за 2015, 2016 и 2017 година.
Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, во поглавјето „ Субвенции “ е наведено:
Владата за периодот 2006 – 2013 година намени вкупно 640 милиони евра за македонските земјоделци. Во досегашниот период, Владата на македонските земјоделци им исплати 550 милиони евра (исплатата за 2013 е во тек и ќе продолжи во текот на 2014 година, согласно со законските одредби). Во буџетот за 2014 година, за земјоделците се предвидени 140 милиони евра за субвенции. И покрај светската криза кога голем број земји ги одложија или ги намалија субвенциите, Владата во континуитет ги зголемуваше субвенциите за земјоделците: за 2011 година – 115 милиони евра, за 2012 година – 130 милиони евра и за 2013 година – 135 милиони евра.
Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ветувањето за субвенции за земјоделците е исполнето.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата. Предвидените субвенции за 2014 и 2015 не се земени предвид и ветувањето е оценето без тие години, бидејќи завршува мандатот.
Линкови:
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2012 година. [Пристапено на: 15.05.2012]
- Федерација на фармерите на Република Македонија: Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2013 година. [Пристапено на: 10.04.2013]
- Отчет 2011-2014: Земјоделство, шумарство и водостопанство [Пристапено на: 08.04.2014]
- Пулс 24 (13.03.2014): Вкупно 720 милиони евра се исплатени како субвенции за земјоделството [Пристапено на: 09.04.2014]
- Сител (01.03.2014): Исплатени 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци [Пристапено на: 09.04.2014]
- Курир (28.02.2014): Исплатени нови 107.7 милиони денари субвенции на над седум илјади земјоделци [Пристапено на: 09.04.2014]
- Денешен (02.07.2013): Исплатени 255 милиони денари субвенции за земјоделците [Пристапено на: 09.04.2014]
- Капитал (22.03.2013): Исплатени нови 2.35 милиони евра субвенции на 10.681 земјоделец [Пристапено на: 09.04.2014]
- Денешен ( 19.07.2012): Во следните три години ќе исплатиме 425 милиони евра субвенции за земјоделците [Пристапено на: 09.04.2014]
- Точка (17.03.2012): Исплатени 198 милиони денари субвенции за земјоделците [Пристапено на: 09.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар