Обновени конаците на Бигорскиот манастир

Во септември 2009 година целосно беа опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката на манастирот Фото: Принтскрин Минстерство за култура

 

Проект: РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“

Во завршна фаза се реконструкцијата и санацијата на манастирот „Свети Јован Бигорски“, кој е еден од најзна- чајните и највредните споменици на културата од 11 век. (Рок: 2014 ГОДИНА)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во април 2015 година во манастирот  „Свети Јован Бигорски“ беа осветени новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат,  кои беа изгорени во  големиот пожар во 2009 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите (Култура и уметност  стр.329).

На 26 април 2015 година   беа осветени конаците  на Бигорскиот манастир  кои настрада во пожарот. На настанот беа присутни претставници на државниот врв:  претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељановски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. На корисна површина од 7.600 метри квадратни, колку што зафаќаат Источен и Горни палат, распоредени се педесетина монашки ќелии, магерницата, големата трпезарија, галеријата со икони, подрумските простории, великиот и малиот синодикон, гостинскиот архондарик, манастирската амбуланта, книгохранителницата, манастирската кула и други функционални простории.

На 30 септември 2009 година во пожар што избувна рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно беа опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката.  Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот беа испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер.

Врс основа  на испитувањата на состојбата на терен кои ги спроведоа повеќе институции беше изработен Проектот за реконструкција на Бигорскиот манастир,  кој како што тогаш информираа медиумите, помина низ повеќе комисиски филтри во Националниот конзерваторски центар, како и надворешни консултанти. Првичните предвидувања беа дека обновата на Горни палат ќе трае две години, но неговата реконсструкција се развлече до пролетта 2015 година.

Реконструкцијата на манастирот  „Свети Јован Бигорски“ се споменува во реализираните проекти во  Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” (стр.365)

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција