Изградено е спортско игралиште во Бутел 1
Проект: Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во неселеното место Бутел 1
(Рок: март 2014)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Бутел 1 е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, дадено во изборната програма со која излезе за локалните избори во 2013 година: „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел!“ (Спорт и млади, стр. 24). Станува збор за ветување кое е дел од проектот на претходната Влада (предводена од ВМРО-ДПМНЕ) за изградба на „100 повеќенаменски спортски игралишта“.
Во ноември 2013 година медиумите информираа дека заврши изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во Бутел 1, а таква информација е објавена и на веб-страницата на Општина Бутел.
Изградбата на новото спортско игралиште во н. Бутел 1 заврши. Станува збор за спортско-рекреативен комплекс што се наоѓа во непосредна близина на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Освен повеќенаменското спортско игралиште што се градеше во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Општина Бутел изгради и паркинг простор на површина од 1 800 м2. (Денешен).
Спортското игралиште беше официјално пуштено во употреба во февруари 2014 година . На свеченоста по тој повод присуствуваа тогашниот премиер Никола Груевски и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.
Игралиштето кое денеска официјално го пуштаме во употреба е нешто што го ветивме за време на кампањата… (Груевски)
Задоволството е најголемо кога проектот којшто ќе се реализира го користат најмладите… (Латиновски)
Медиумите информира дека игралиштето е оградено и осветлено за да може да се употребува во доцните вечерни часови и на него може да се играат фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Како што беше тогаш соопштено, за неговата изградба Владата инвестирала околу седум милиони денари, а Општина Бутел непосредно до него изградила паркинг.
Повеќенаменското спортско игралиште во Бутел се спомнува и меѓу реализираните проекти во Отчетот (2016) на ВМРО-ДПМНЕ и коалицјата „За подобра Македонија”.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2013 -2017 Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел!(Спорт и млади, стр. 24) [Пристапено на 20.07.2017]
- Отчет за реализацијата на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицјата “За подобра Македонија” (стр.395) [Пристапено на 20.07.2017]
- Денешен (07.11.2-13): Бутел доби ново спортско игралиште и нов паркинг [Пристапено на 20.07.2017]
- Веб-страница на Општина Бутел: НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ЗА БУТЕЛЧАНИ [Пристапено на 20.07.2017]
- Вести.мк (08.02.2014): Младите од Бутел му се израдуваа на новото игралиште [Пристапено на 20.07.2017]
- Точка (08.02.2014): Бутел добива ново повеќенаменско игралиште [Пристапено на 20.07.2017]
- Лидер (08.02.2014): Пуштено во употреба повеќенаменско игралиште во општина Бутел [Пристапено на 20.07.2017]
- Канал 5 (08.02.2014): Пуштено во употреба повеќенаменско игралиште во општина Бутел [Пристапено на 20.07.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар