Повторно евтина дневна тарифа на струјата

sdsm-logo

Ја враќаме евтината струја:

Во изминативе десет години сметките за струја се зголемени за рекордни 100 проценти. Ќе ја вратиме дневната евтина тарифа на струјата. Ќе воведеме евтина викенд тарифа, што значи дека ќе има евтина струја во текот на целиот викенд, а не само во недела, како што е сега.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Враќањето на евтината тарифа на струјата е исполнето ветување на СДСМ, дадено во изборната програма со која партијата излезе на последните предвремени парламентарни избори во декември 2016 година, насловена  „План за живот во Македонија“ (стр.5).

На 24 август 2017 година Владата објави дека од октомври (2017) се враќа дневната евтина тарифа на електричната енергија. Во медиумите беше пренесена прес-конференцијата на која премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев информираа дека:

Од 1 октомври од понеделник до сабота од 14 до 16 часот ќе има евтина струја, вечерните часови од 22 до 7 наутро и недела остануваат како термин за трошење на поевтина струја,

На 29 август 2017 година медиумите информираа дека Регулаторната комисија го измени тарифниот систем со цел да се воведе евтина дневна тарифа на струјата и тој е веќе препратен да се објави во „Службен весник“, по што дистрибутерот ЕВН на терен ќе може да ги измени тарифите на броилата на секое домаќинство.

На 30 август 2017 година од дистрибутивната компанија „ЕВН“  соопштија дека се подготвени да ги прилагодат броилата и дека целиот процес ќе се спроведува етапно, а треба да заврши до крајот на октомври.

Во системот за дистрибуција на електрична енергија има 800 илјади броила кои ќе мора да се прилагодат на новиот тарифник и тој процес не може да се изврши одеднаш кај сите во исто време. Целиот зафат ќе се спроведе по реони и во зависност од отчитувачката група во која спаѓа корисникот. Во зависност од тоа ќе се знае и кои корисници кога ќе почнат да ја користат евтината тарифа…

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *