Реновирана е фискултурната сала во ОУ „Димитар Македонски“ во Аеродром

Проект: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Димитар Македонски“

Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена сто- ларија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и вентилација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Димитар Македонски“ , е исполнето ветување на на градоначалникот на Општина Аеродром  Ивица Коневски. Овој проект е дел од  неговата Изборна програма со која настапи на локалните избори во 2013 година, Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Образование и наука , стр.23).

Во август 2013 година медиумите  информираа дека е во завршна фаза проектот за реновирање на училишните фискултурни сали  во Општина  Аеродром. Тогаш беше соопштено дека

 шест основни училишта во Аеродром до почетокот на новата учебна година (2013)  ќе имаат целосно реконструирани спортски сали, за што општината од буџетот обезбеди околу 30 милиони денари.

Реконструкцијата на спортската сала во ОУ „Димитар Македонски“,  според информациите објавени во медиумите,   почна   пролетта 2013 година,  во рамки на проектот за реконструкција на фискултурните сали во основните училишта во Аеродром  („Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“)

На 26.08.2013 година во весникот на Општина Аеродром бр.54 (стр.7) и на  на веб – страницата на Општината е објавен текст во кој се вели дека тогашниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски  ги пуштиле во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.

Фото: Принтскрин Весник на Општина Аеродром бр.54 (стр.7)
Фото: Принтскрин Весник на Општина Аеродром бр.54 (стр.7)

Од Општина Аеродром за „Вистиномер“ потврдија дека   реконструкцијата на  салите во училиштата во Аеродром, вклучувајќи го и ОУ „Димитар Македонски“ , е направена пред стартот на учебната 2013 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *