Скопје не доби современа компостара

vmro-dpmne-logo

ПРОЕКТ: ОТВОРАЊЕ НОВА КОМПОСТАРА

Опис на проектот – Со реализација на овој проект, ќе се направи модерна компостара на подрачјето на град Скопје, со што ќе се овозможи од зелениот отпад да се добие компост, кој ќе се користи за широка употреба. (Рок: 2015/2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, актуелниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, меѓу другото, вети  и изградба на современ објект за преработка на органското, биоразградливото ѓубре во компост – природно ѓубриво. (стр.24 од Програмата во делот комуналните дејности).

Пребарувањето по интернет, вклучувајќи ги посебно и дел од медиумите, пребарувањето по веб – страницата на Град Скопје, прелистувањето на отчетите на ВМРО-ДПМНЕ за реализираните проекти (бидејќи Трајановски е градоначалник кандидиран од оваа партија), покажа дека ова ветување не е исполнето.

Она што покажа провреката на „Вистиномер“,  е дека наместо Скопје, Општина Ресен ја има првата и единствената јавна компостара во Македонија, која е пуштена во употреба во 2014 година, како дел од проект за заштита на Преспанско езеро.

Постојат информации дека и дел од депонијата во Прилеп уште во 2013 г. требало да добие постројки за преработка на органскиот отпад во органско ѓубриво, но нема потврда дали е тоа сторено.

За Скопје, покрај посебен објект, ветено е изградба на таков објект дополнително и во Депонијата Дрисла.

Имајќи предвид дека рокот за имплементација на проектот „отворање нова копостара“, наведен во изборната Програма на Трајановски, е 2015 – 2016 година (неговиот мандат завршува во мај 2017), а досега (23.03.2017) нема достапни информации дека се спроведени некакви конкретни активности за неговата реализација, ова ветување го оценуваме како неисполнето.

 

 

ИЗВОРИ:

 

Оценил: Tео Блажевски


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *