„Тревник“ – Три викендици во Зелениково изградени незаконски

 

Законот за градење предвидува обратен редослед, односно најпрвин правосилно одобрение за градење, па отпочнување со градење, а надвор од тој редослед таквите противзаконски дејствија се предвидени и казниви со соодветното кривично дело

 

На 22.05.2017 година Специјaлното јавно обвинителство  (СЈО)  на прес-конференција соопшти дека е отворена нова истрага со работен наслов „Тревник“, во која три лица се осомничени за незаконска изградба на три луксузни викенд куќи во Зелениково. Еден од осомничените, како што објави телевизијата „Телма“, е уредникот на „Сител“ телевизија, Драган Павловиќ – Латас.

Презентирајќи го случајот, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО ја отвора оваа истрага како резултат на прислушувани, јавно необјавени разговори, и дека таа опфаќа

основано сомнение за кривично правни дејствија на три лица за изградба на три викенд ќуќи во Општина Зелениково, без да имаат право на таква градба, односно градење без одобрение за градење. Според прибавените докази, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење на истите, како и останата документација, овие три викенд куќи биле започнати да се градат во 2011 година, а одобрение за градење на истите од општината е добиено во 2013 година, кога веќе биле и завршени. Законот за градење предвидува обратен редослед, односно најпрвин правосилно одобрение за градење, па отпочнување со градење, а надвор од тој редослед таквите противзаконски дејствија се предвидени и казниви со соодветното кривично дело, Бесправно градење од член 244 а став 1 од КЗ, за кое е и отворена оваа истрага.

Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *