Владата формално го исполни Планот 3-6-9 во делот на медиумите за првите три месеци

Медиумските реформи, барем во однос на квантитетот, се спроведуваат. Фото: Flickr

 

Објавувајќи го планот за реформи во првите три месеце во медиумската сфера, Владата на Република Македонија наведе 8 точки за постапување како активности во првите три месеци од планот, за кои по проверката утврдивме дека се речиси во целост исполнети:

  • Усвојување изјава за изразување на силна политичка волја и поддршка од Владата и институциите за континуирана примена на Етичкиот кодекс за медиумско известување
  • Донесување Одлука на Владата за стопирање со владини реклами на комерцијалните радиодифузери (со исклучок на социјални медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис
  • Објавување на сите трошоци за рекламирање на Владата и објаснување на критериумите за избор на медиумите за периодот 2008-2017, во форматот доставен од Европска комисија
  • Одржување јавна консултација со медиуми, медиумски здруженија и граѓански организации
  • Подготвување предлог – измени на Закон за медиуми и Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои ќе овозможат примена на Етичкиот кодекс за известување во и вон изборите, како и за зајакнување на независноста и капацитетот на медиумскиот регулатор и јавниот радиодифузен сервис
  • Подготвување предлог – измени на законска регулатива кои ќе обезбедат избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги (ААВМУ), врз основа на заслуги
  • Подготвување преглед на сите досегашни случаи на физички и вербални напади и притисоци, говор на омраза и сл. врз новинарите
  • Одржување неделен брифинг на Владата со медиумите

[Извор: Влада на РМ, План 3-6-9, датум: 04.07.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Владата на Република Македонија на почетокот од јули усвои т.н. План 3-6-9, со кој ги дефинираше своите намери за итни реформи во повеќе области, со цел што поскоро да се заокружат Итните реформски приоритети и други услови неопходни околу интеграцијата во Европската унија.

Во наведените бласти беа набројани и реформите во медиусмкиот сектор. „Вистиномер“ ја провери минатата недела исполнетоста на Планот 3-6-9 генерално во првите три месеци, при што доби одговoр од Владата дека во делот на медиумите тие планот го извршиле целосно, односно 100 процентно.

Ова тврдење на Владата е точно, иако постоеше минимално доцнење во однос на некои од набројаните чекори што таа ги презеде и иако во една мерка од осумте, исполнетоста не е стопроцентна.

Првата точка, за усвојување изјава за поддршка на Владата и институциите за спроведување на Етичкиот кодекс при извстувањето на медиумите, беше реализирана на владина седница во септември, кога беше донесена таква одлука.

Втората точка, за стопирање на владините реклами беше реализирана на крајот од август 2017 година на 24 седница, а истовремено им се препорача и на единиците на локалната самоуправа „да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми“.

Третата точка, за објавување на сите трошоци кон медиумите што ги направила претходната влада во период од десет години беше реализиран на две одделни прес конференци на портапролот на Владата Миле Бошњаковски, оддржани на 16 септември и на 24 септември 2017 година.

Четвртата  точка, одрржувањето на јавна консултација со медиумите и медиумските организации е започната уште во јуни 2017 г. на средба на премиерот Зоран Заев со претставници на ЗНМ и на ССНМ, а е продолжена во срединита на јули со пошироки консултации во Клубот н пратениците со невласдините организации околу реформите во медиумската легиислатива.

Со тоа е започната и реализацијата на петата точка, измена на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Веќе на крајот на јули и почетокот на август, до медиумите и новинарските здруженија беше доставен првиот предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за ААВМУ. Во септември преку измена на неколку члена во законот, Собранието на РМ ја укина радиодифузната такса, а финасирањето на МРТ беше поддржано со 0.5 отсто од буџетот, одноно со 200 милиони денари за последниот квартал.

Консултациите како дел од четвртата и петата точка продолжуваат, и на крајот на октомври е оддржана нова серија средби, со цел реформи во законодавството.

Шестата точка, исполнување на измени за законска регултава што ќе се однесува на „избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги (ААВМУ), врз основа на заслуги“, е всушност содржана во петата точка, бидејќи веќе е изготвен Предлог на закон за  измени на ЗААВМУ (втор), и експертиза на тоа законско решение од страна на Канцеларијата за медиуми при ОБСЕ. Двата документа се објавени на веб страницата на МИОА.

Седмата точка е врз основа, пред се, на директно барање на ЗНМ и на ССНМ. Според информациите од Здружението, оваа точка е само делумно исполнета. ЗНМ веќе има остварено тесна соработка со МВР и добиле одговор дека регистрирани се 52 случаи на напади врз новинари, дека се целосно истражени 10, прии што 5 се предадени во оосновното обвинителство, а 5 директно на Суд, при што се изречени казни за полесни прекршувања на законот, се вели во одоговорот од ЗНМ на нашето прашање. Но, за говор на омраза против новинари, како што стои и во точката на владиниот план, немаат добиено ниту едно известување, а имаат поднесено повеќе иницијативи за постапување по изречен говор на омраза на социјални мрежи, но ОЈО ги има одбиено.

Осмата точка за одржување редовен неделн брифинг со новинари се исполнува уште од јули и такви брифинзи се одржуваат во зградата на владата секоја среда.

Според погоре наведените проверки може да се потврди дека ветувањето на Владата во однос на медиумските реформи во Планот 3-6-9 се формално исполнети (освен седмото кое е делумно), а како бонус, може да се смета тоа што Владата на своја седница од 5-ти септември одлучи дека медиумите ќе може бесплатно да користат на услуги од  Централниот регистер и од Агенцијата за недвижности, т.е Катастарот.

Но, ова формално исполнување на условите не значи и квалитативно исполнување на генералните заложби, особено онаа заложба за која Владата најави дека ја има за цел и во Планот: „ќе го зајакне и целосно професионализира јавниот радиодифузен сервис“, на пример.

Во делот на МРТ Владата се разидува со барањата на дел од новинарските организации околу финансирањето на јавниот сервис. Владата во предлогот за измени на Закон и во буџетот навела дека тоа ќе изнесува 0,7 отсто од централниот буџет, а медиумските организаци бараа тој процент да изнесува еден отсто. Понатаму, недостасуваат извесни процедури околу користење на комерцијалните огласи на Владата во социјалните медиуми, можност што е оставена при укинувањето на рекламирањето во медиумите, можеби подобри процедури при користењето на базите на податците на двете институтуции и отворање на бази на податоци на други институции, итн. Квалитативната анализа, исто така ќе биде дел од проверката на „Вистиномер“.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција