Yearly Archives

2021

Лага е дека трансплантација на органи била направена од ковид позитивен донор

Не е точно дека донорот на органите и реципиентот се без идентитет. Донорот е Верица Белчовска, а за нејзиниот живот проговоре семејството во интервју за ММС. Реципиентот е 22-годишниот Иле Стрезовски, а неговото семејство јавно се…

Измислени изјави на Жак Атали – гориво за теориите на заговор околу ковид-19 и во земјава

Лажни зборови на Жак Атали се вметнати како фалсификат во една книга со интервјуа, каде е поместено и интервју со него, со цел да се поткрепат теории на заговор околу пандемијата со ковид-19. Она што треба да се знае тоа е дека Атали…

АНАЛИЗА: Вработени во администрација – „етничкиот клуч“ отвора различни врати

Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во…

Не се забранети обдукции, снимање бели дробови и тестови на крвта за ковид позитивни

Во исклучително вирален пост на Фејсбук, споделен дури 242 пати, се изнесуваат класични фабрикации и лаги за коронавирусот, поткрепени со факти кои се лажни и лесно може да се проверат.

Манипулација е дека вакцините се експериментални, не заштитуваат и не спречуваат трансмисија

Наспроти тврдењето во постот, според Светската здравствена организација, вакцинацијата е едноставен, безбеден и ефикасен начин за заштита на луѓето од штетни болести, пред да дојдат во контакт со нив. Неточно е и тврдењето дека вакцините не…

Штрковите не биле убиени во Прилеп, туку во Турција

Фотографијата со угинати штркови којашто се споделува на фејсбук, не е направена во Прилеп, туку во Турција. Корисници на Твитер од Турција пишуваат дека штрковите се убиени додека мигрирале во областа Чал во Денизли. Истата фотографија од…

„Издишан балон“ против д-р. Даниловски околу препораките за „затворање“

Невистина е дека професорот Даниловски дава изјави како пробен балон, за власта подоцна да воведе нови рестрикции на слободата на граѓаните, туку единствен и константен мотив му е контрола на ширењето на болеста и одржливост на…

Младата пациентка, чие семејство се согласило нејзините органи да се донираат, немала ковид-19!

Во написот е изнесена дезинформација и таа му е погрешно атрибуирана на министерот за здравство, Венко Филипче, кој пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ даде изјава за новинарите. Откако заврши со своето излагање поврзано со ковид-19…

Патот Скопје – Блаце две децении чека да стане автопат

Владата предводена од СДСМ, која беше избрана на крајот на мај 2017 година, не успеа да  го реализира ветувањето за изградба на автопатот Скопје - Блаце. Во јануари минатата година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра…

Коронавирусот не е отров

Објава на Фејсбук шири невистини дека коронавирусот е отров.Познато е дека станува збор за вирус за којшто СЗО официјално соопшти дека е идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година. Неточно е и тврдењето дека  локдаунот,…

Лажна е веста дека 100 живи деца и мртви тела биле извлечени од тунел под Капитол Хил

Постот се повикува на текст објавен пред два месеца на германски јазик, кој, пак, нема наведено никаков извор, ниту фотографии или некоја изјава од официјално лице кои би ги потврдиле изнесените наводи. Сето ова ја доведува во прашање…

Не е вистина дека целосно се вакцинирани критичните групи граѓани

Досега не се се вакцинирани сите од критичните групи на граѓани, туку само приоритетните од овие групи. Сите институции од критичната инфраструктура доставија списоци до Министерството за здравство со вработени кои се заинтересирани за…

Опасно е тврдењето дека протоколот за ковид-19 ги убива пациентите

Докторка од Романија смета дека официјалниот протокол за лекување на ковид-19 е тоа што ги убава пациентите, па затоа таа користи сопствен протокол, се консултира преку Интернет и така ги лечи пациентите. Според текстот што се споделува на…

Антивакцинално видео шири дезинформации за Бил Гејтс

Наводите изнесени во видеото што се споделува на Фејсбук се само надоврзување на низата конспирации поткрепени или со лаги, или со манипулирање, за да се зајакне антивакциналниот наратив во пресрет на вакциналната кампања против ковид-19.…

Не може да се потврди дека помодрената рака на фотографијата е од вакцина на „АстраЗенека“

Не може да се потврди дека на фотографијата којашто се споделува со овој пост, е прикажан  некој што се вакцинирал со вакцина од „АстраЗенека“. Не може да се провери ниту од кога и од каде е фотографијата. Лажно се тврди дека таа била…

Избеганиот коњ не е сопственост на МВР

Наспроти тврдењето во овој пост, од МВР за „Вистиномер“ изјавија дека Министерството не поседува коњи повеќе од 10 години. Исто така, во архивите на медиумите во Македонија пронајдовме низа написи од 2002 година, од кои навистина се…

Неформален список на пријавени последици не е доказ дека за нив се виновни вакцините

Самата пријава на ВАЕРС, не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Можно е други болести, состојби, сообраќајки, канцер, старост - буквално еден куп причини да предизвикаат смрт, откако вакцината е администрирана. Тоа што авторката…