Yearly Archives

2022

Со монтирана фотографија снимена во Русија, се обвинува Украина дека е нацистичка

Фотографијата во склоп на постот што го рецензираме, а која го содржи украинското знаме, е графички изменета односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Фотографијата е направена покрај статуата на Ленин во…

Со фотошопирана фотографија се лаже јавноста дека Зеленски учествувал на геј парада

Постот е придружен со фотографија на која позираат неколку лица на геј парада. На фотографијата има личност со ликот на Зеленски. Вистиномер ја побара истата фотографија преку пребарувачот Тин ај, и пронајдовме дека истата е направена во…

Хилари Клинтон не била уапсена во 2016 година

Видеото прикажано во прилог на објавата на кое се гледа како Хилари Клинтон се онесвестува, при што притрчуваат луѓето од нејзиното обезбедување за да ја задржат, е злоупотребено во постот со цел да се манипулира јавноста дека таа не се…

Не е точно дека ОН работат на депопулација на планетата

Наспроти тврдењата во постот, Обединетите Нации воопшто не се обидуваат да ја намалат светската популација и во нивните заложби воопшто не се застапени политики за уништување, туку за спасување на животи. Глобалните заложби на ОН не се…

АНАЛИЗА: „Лична карта“ на јавните претпријатија – долгови и број на вработени

Во земјава има 149 јавни прeтпријатија на локално и на централно ниво од различни сектори. Голем дел од нив се потонати во милионски долгови а поради енергетската криза  јавните комунални претпријатија најавија банкрот – клуч на врата и…

Не е точно дека Русите објавиле уништување на 830 украински борбени возила за еден ден

Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден". Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што…

Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту пак,…

Човек во Австралија починал поради напад од кенгур, а не поради ковид вакцина

Постот дезинформира дека се прикрива вистината во врска со настанот во Австралија кога човек починал откако бил нападнат од кенгур и паушално тврди дека тој умрел 24 часа после третата доза вакцина против  ковид. Светските медиуми јавија…

Не е вистина дека е договорено заедничко чествување на Гоце Делчев

Проверката на медиумските содржини на интернет кај нас и во Бугарија, покажува дека е неточно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека последниот состанок на мешовитата историско-образовна комисија во Скопје резултирал со некаква одлука за Гоце Делчев

Јакимовски вети бесплатна возачка за млади, Општина Карпош ќе субвенционира 50 отсто од трошоците за…

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за време на кампањата за локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 година, во повеќе наврати вети дека Општината целосно ќе ги покрие трошоците за обука и за полагање возачки испит за…

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија…

Техномаркет не доделува 500 машини за перење

Станува збор за  лажна Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“, креирана на 13 јуни која има над 9.000 следбеници. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина. Не е првпат лажната…

Европските организации за проверка на факти усвоија Кодекс за професионални стандарди – Фондацијата…

Повеќе од 40 организации за проверка на факти ширум Европа усвоија професионален Кодекс кој ги дефинира стандардите на методологијата, етиката и транспарентноста потребни за целокупна и ефикасна борба против дезинформациите …

Сатирична вест за Спасовски пренесена како вистинска

Фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот „Тв вести“. Текстот е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува…

Не е точно дека Џорџ Сорос е виновен за млечната криза во земјава

Џорџ Сорос не е сопственик на Имлек, како што пишува авторот на објавата што ја рецензираме, тој не предизвикува вештачка криза со млекото, а кризата настанува поради зголемените трошоци, но и поради намаленото производство предизвикано од…

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други…

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива…

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две…